Ренин–ангиотензин систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анатомски дијаграм на системот ренин–ангиотензин.[1]

Ренин–ангиотензин системот или ренин–ангиотензин–алдостерон е хормонски систем кој е вклучен во регулацијата на плазматската концентрација на натриум и артерискиот крвен притисок.

Кога плазматската концентрација на натриум е пониска од нормалната или крвниот проток во бубрезите е намален, јукстагломеруларните клетки во бубрезите го конвертираат проренинот (интрацелуларен протеин) во ренин, кој потоа се лачи директно во циркулацијата. Потоа плазматскиот ренин дејствува врз плазматски протеин познат како ангиотензиноген, така што од него откинува еден краток пептид, составен од 10 аминокиселински остатоци. Краткиот пептид е познат како ангиотензин I.[2] Потоа, ангиотензин I е конверитран, со отстранување на 2 аминокиселини, во октапептид познат како ангиотензин II, под дејство на ензимот ангиотензин-конвертирачки ензим (АКЕ) кој е присутен во белодробните капилари. Ангиотензин II е моќен вазоактивен пептид кој предизвикува констрикција на артериолите, што резултира со зголемување на артерискиот крвен притисок.[3] Ангиотензин II исто така ја стимулира секрецијата на хормонот алдостерон од кората на надбубрежните жлезди.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Boron, Walter F. (2003). „Integration of Salt and Water Balance (pp. 866–7); The Adrenal Gland (p. 1059)“. Medical Physiology: A Cellular And Molecular Approaoch. Elsevier/Saunders. ISBN 1-4160-2328-3. 
  2. Kumar, Abbas; Fausto, Aster (2010). „11“. Pathologic Basis of Disease (8th издание). Saunders Elsevier. стр. 493. ISBN 978-1-4160-3121-5. 
  3. 3,0 3,1 Cerebral salt wasting: pathophysiology, diagnosis, and treatment. „Neurosurg Clin N Am“ том  21 (2): 339–52. април 2010 г. doi:10.1016/j.nec.2009.10.011. PMID 20380974.