Ранко Божиновски
Изглед
Ранко Јованов Божиновски ( 1924 во Довезенце — 20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Израснал во сиромашно селско семејство. По завршување на основното училиште, тој се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година, стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил борец во Петтата чета на Вториот баталјон. Учествувал во сите борби што ги водела оваа единица. На 20 октомври, кога неговата Бригада ги нападнала балистичките положба близу Треска, тој загинал, откако единицата бил принудена да се повлече под притсок на новодојдените германски сили.[1]