Рак на усна празнина
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Рак на усна празнина | |
---|---|
Специјалност | Онкологија, Орална и максилофацијална хирургија |
Поимот рак во усната празнина се однесува на сите тумори во усната празнина-тумори на устата, јазикот, образот, непцата, ортофаринксот или горниот дел на грлото. Овие тумори речиси секогаш се создаваат во плочестите клетки кои ја обвиткуваат розовата слузница на усната празнина. Иако ракот може да се шири на главата и на вратот, ретко се шири на другите делови на телото. Понекогаш, ракот во усната празнина се развива од некои други болести во усната празнина: еритроплактијата, за која показател може да биде кадифено црвено парче во усната празнина и секогаш се смета за предканцирогена состојба; леукоплактијата, што ја одликува белузлаво ткиво кое понекогаш претставува предканцерогена состојба. Еритроплактијата и леукоплактијата се тесно поврзани со претераната употреба на алкохол и тутун, како и повеќето карциноми во усната празнина. Како и другите видови рак, ракот на усната празнина најдобро се лекува, ако, се открие рано. За среќа, често да ги почувствувате сомнителните промени на ткивото што може да укажува на рак на усната празнина. Вкупната стапка на петгодишно преживување по откривањето на ракот во усната празнина е поголема од педесет проценти. Ако почне да се лекува на време, девет од десет заболени преживуваат подолго од пет години, а повеќето се целосно излекувани.
Симптоми
[уреди | уреди извор]Белузлаво или кадифено парче ткиво наместо здрава и розова слузница во устата може да биде предупредување за заболувања од рак. Ако не се лекува ткивото со изменета боја може да расте преобрази се во она што во устата се чувствува како афтозен улкус. Меѓу симптомите на рак во усната празнина се вбројуваат:
- траен оток, во усната празнина. Отокот може со текот на времето да прокрвари или да се преобрази во чир
- тегобно чувств во текот на јадењето, пиењето или голтањето
- разнишани заби, забоболка или увоболка што не се лекуваат со конвенционално лекување
- отечен лимфен јазол на вратот
Симптомите со напреднатиот рак на усната празнина вклучуваат болка во увото, со сводот на усната празнина, необјаснето стегање на мускулите на лицето или вратот или траен непријатен здив од устата.
Обратете се на лекар:
[уреди | уреди извор]- Ако сте трајно засипнати, имате болки или чувство на запнување во устата. Можеби имате рак на грлото.
- Ако чувтвувате трајна и необјаснета непријатност во устата или увото. Болката може многу лесно да потекнува од нешто друго, што не е рак, но причината, се разбира, треба да се одреди.
Причинители
[уреди | уреди извор]Улогата на алкохолот и тукунот, вклучуваќи го и џвакањето на тутун, во предизвикувањето рак во усната празнина не може доволно да се нагласи. Луѓето кои редовно ги употребуваат двете материи, триесет и пет пати се подложни на заболување од рак во усната празнина од луѓето кои нив не ги користат. Болеста обично го зафаќа ткивото што веќе е надразнето со оштетени непца и расипани заби или навиката да се грицка внатрешната страна на образот. Кај жените намаленото внесување на железо е поврзано со ракот на јазикот. А претераното изложување на сончева светлина предизвикува некои видови рак на усната. Луѓето лекувани од рак на усната празнина кои продолжуваат со пушење и пиење алкохол, веројатно, пак ќе заболат.
Дијагностички постапки
[уреди | уреди извор]Рутинското самопрегледување на устата и забарот или лекарот може да помогнат во раното откривање на ракот на усната празнина. Ако постои сомневање за болест, лекарот ќе направи биопсија со земање на мал примерок од ткивото во устата или течност од отечениот лимфен јазол на вратот за микроскопски преглед. Можеби ќе биде потребно рендгенско снимање или некое друго снимање заради откривање на основниот тумор што во моментот не може да се забележи или одредувањето на степенот на раширеност на постојниот тумор.
Лекување
[уреди | уреди извор]Раните карциноми (стадиум I и стадиум II) на усната празнина и орофаринкс се лекуваат со хирургија или со радиотерапија и изборот на третманот зависи од очекуваните функционални и козметички резултати од лекувањето, и од можноста за експертиза од страна на хирург и радиоонколог за секој поединечен пациент. Присуството на позитивни рабови или длабочина на туморот >5 cm значително го зголемува ризикот за локален рецидив и укажува на можноста за постигнување на поголем успех со примена на комбинација на модалитетите на третман. Напреднатите карциноми (стадиум III и стадиум IV) на усните и усната празнина претставуваат широк спектар на предизвици за хирургот и радионкологот. Со исклучок на пациентите со мали Т3 лезии и без метастази во регионалните лимфни јазли или далечни метастази, или кај кои нема клинички позитивен лимфен јазол >2 cm, за кои соодветен третман може да биде само хирургијата, или само радиотерапијата, најголемиот број пациенти со тумори со стадиум III или стадиум IV се кандидати за третман со комбинација на хирургија и радиотерапија. Исто така, бидејќи локалните рецидиви и/или далечните метастази се чести кај оваа група пациенти, тие би требало да се вклучуваат во клинички испитувања. Таквите испитувања ја проценуваат потенцијалната улога на модификаторите на зрачењето или комбинацијата на хемотерапијата комбинирана со хирургија и/или радиотерапија.
Превенција
[уреди | уреди извор]Не пушете и не џвакајте тутун. Алкохолот конзумирајте го во умерени количества. Ако носите забни помагала, се разбира правилно наместете ги. Усните од сонце заштитете ги со крем. Секојдневно јадете свежо овошје и зеленчук. Ако ви е дијагностицирана можна предканцерогена творба во устата, потребна ви е постојана лекарска контрола.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
- За издавачот: Златко Макаровски
- Уредник: Лавинија Шувака
Наводи
[уреди | уреди извор]
|