Ракометна спортска сала Духаил
| Ракометна спортска сала Духаил | |
|---|---|
| Држава | |
| Место | Доха, Катар |
| Започнат | јуни 2013 |
| Отворен | 7 септември 2014 |
| Сопственик | Катарска ракометна федерација |
| Гледачи | 5.580 |
| Архитект | IGH WSP Group |
| Игра | Машка ракометна репрезентација на Катар Женска ракометна репрезентација на Катар |
Ракометна спортска сала Духаил — затворена спортска сала во главниот град на Катар, Доха. Изградена е со цел да биде домаќин на Светското првенство во ракомет за мажи 2015.[1]
Создавање
[уреди | уреди извор]Арената била изградена за само 13 месеци на површина од 40.000 м2 и во јули 2014 година била скоро готова. Важи за зелена градба и биле користени најнови технологии.[2] На 7 септември 2014 била официјално отворена.[3]
Користење
[уреди | уреди извор]Комплексот ќе се користи за натѕпреварите на Светското првенство во ракомет за мажи 2015 во Катар и по првенството ќе припадне на Катарската ракометната федерација. Ќе биде тренинг центар за ракометната репрезентација на Катар за мажи и жени, како и административните и медиумските простории на федерацијата.[2]
Во рамки на комплексот припаѓаат две помали сали со по 500 места секоја, 60 соби за спиење за играчите, 25-метарски базен, како и медицински центар.[4]
Наводи =
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ракометна спортска сала Духаил“. qatarhandball2015.com. 23 декември 2014.
- 1 2 „Exklusive Einblicke: WM-Arena vor der Eröffnung“. 25 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-14. Посетено на 8 август 2014.
- ↑ „IHF Super Globe Championship 2014 Opening Ceremony Showcases Culture of Sporting Success“. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 2014-10-08.
- ↑ „Qatar Handball Association Complex, Doha, Qatar“. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 8 октомври 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ракометна спортска сала Духаил Архивирано на 13 декември 2014 г.