Разговор со корисник:Stepano

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Stepano, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! Вик Ретлхед (разговор) 15:55, 6 ноември 2013 (CET)[одговори]

Име на статија за Андроид[уреди извор]

Здраво. Веќе имаме таква статија. Како што можеш да видиш, е мошне содржајна, но не е идеално доработена, но сепак предлагам да ги вметнеш и ускладиш твоите содржини во неа. Прашањето дали треба да стои во латиничен оригинал или на кирилица е малку посложено. Но сепак, нека стои засега како што е, а ти преработувај ја колку што можеш и сакаш (секако без големи бришења на содржини што ги немаш во твојата статија). Инаку страниците се преместуваат на стрелката до ѕвездичката горе, десно од историја (се спушта мало мени за избор). Ова преместување или преименување е начинот на којшто се решаваат проблемите, но секако истата потоа треба да оди на Википодатоци, за да се подноват т.е. исправат врските до други викија. Не заборавај дека појаснувањата во наслови од типот „(оперативен систем)“ треба да одат со мали букви, бидејќи не се именката што е насловена (а за имемнките и начинот на насловување мора строго да се следи правилата на правописот за употреба на големи и мали букви, како во наслови така и во статии.

Да не должам, јас сега ќе ја преместам статијата на насловот што го сакаш, но ти сепак работи ја постоечката што ја посочив горе. Поздрав и обраќај ми се за сè што не ти е јасно или се сомневаш, што и да е. Тука сум секогаш да помогнам. --Б. Јанкулоски (разговор) 05:00, 7 ноември 2013 (CET)[одговори]

Коментар  Еве ја статијата: Корисник:Stepano/Android (оперативен систем). Вака се ставаат страници во изработка - во сопствени потстраници на корисничката. Инаку внимавај на сите начини на форматирање, наведување, ставање врски и тн. Не смее да има голи адреси до страници на англиската. Се надевам дека објаснија на обуката. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 05:33, 7 ноември 2013 (CET)[одговори]