Разговор со корисник:Macamicka~mkwiki

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добредојде!

Здраво, Macamicka~mkwiki, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! --Brainmachinewtf? 20:44, 24 јули 2008 (UTC)

Наполеон[уреди извор]

Здраво и добредојдовте! Ви се јавувам за Наполеон, запомнете дека неговото правилно презиме е Бонапарт, а не Бонапарта (иако честа грешка е така да се изговара името). Ако се направи транскрипција на името од француски, не се чита тоа 'а' на крајот и затоа Ве молам да не го исправате, бидејќи не е грешка :) Искрено и јас мислев дека е Бонапарта сѐ додека не ме поправија. Поздрав, Brainmachinewtf? 20:57, 24 јули 2008 (UTC)

За Вашите уредувања на Одри Хепберн[уреди извор]

Здраво, ќе можете ли да ми објасните зошто ги направивте овие уредувања на статијата Одри Хепберн? Имено, почнавте да ги отстранувате надредните знаци на ѝ (куса заменска форма за индириктен предмет (нејзе ѝ) која се разликува од сврзникот и) и на сѐ (која се разликува од повратната куса заменска форма (себе се). Доколку не ги правите разликите помеѓу овие јазични форми, Ве молам воздржете се во иднина од вакви уредувања на страниците. Доколку имате некакви прашања во врска со правописот, упатете се кон Бирото за правопис и граматика на Википедија. Исто така, од помош може да Ви биде и статијата правопис на македонскиот јазик. Поздрав, Brainmachinewtf? 16:57, 8 август 2008 (UTC)

Би ве замолил да не правите непромислени уредувања на статијата Срби. Пред сѐ да бришете делови од статијата! Поздрав! --Филип 16:59, 9 август 2008 (UTC)

Вашите скорешни уредувања[уреди извор]

Здраво. Во случај да не сте знаеле, кога оставате пораки на страници за разговор и други страници каде што се отворени дискусии, секогаш треба да ги потпишувате вашите пораки, со внесување на четири тилди ( ~~~~ ) на крајот од вашиот коментар. Ако не можете да внесувате тилди со вашата тастатура, кликнете на копчето за потпишување што се наоѓа над прозорецот за уредување. Тоа автоматски ќе внесе потпис со вашето име и времето на испраќање на вашата порака. Овие податоци се корисни бидејќи другите уредувачи ќе можат да видат кој што рекол, и кога. Благодарам! --Brainmachinewtf? 12:55, 19 септември 2008 (UTC)

Уште нешто, Ве молам пишувајте исклучиво на кирилица; одбегнувајте ја латиницата и на страниците за разговор. --Brainmachinewtf? 12:56, 19 септември 2008 (UTC)

Вашата сметка ќе биде преименувана[уреди извор]

04:43, 18 март 2015 (CET)

Направено е преименување[уреди извор]

22:48, 21 април 2015 (CEST)