Разговор со корисник:Emgp31012207

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Emgp31012207, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Kiril Simeonovski (разговор) 18:52, 10 февруари 2023 (CET)[одговори]

Почитувани, Учествував во натпреварот за пишување статии за хемиски соединенија и според долунаведеното упатство (не ми е јасно каде може да наведеме за тоа од каде би сакале ваучер доколку освоиме некоја од наградите):
Награди
Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги и техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.
и доколку треба да наведам еве во поракава, би сакала ваучерот да биде од Anhoch, доколку има можност. Поздрав и секое добро. Emgp31012207 (разговор) 13:18, 10 март 2023 (CET)[одговори]
Почитувани,
Сакам да ве известам, и воедно честитам, дека вие го освоивте првото место на натпреварот „Хемиски соединенија“. Истовремено ја освоивте наградата за нов корисник. Со други зборови, освоивте ваучери во вкупна вредност од 14 илјади денари. Исто така, како дел од наградата „посебно изненадување“, ќе добиете табела со периодниот систем.
Ваше е да ми кажете на што сакате ваучерот да го потрошите. Дали сеуште сте за Анхоч? Ние досега сме давале ваучери од Нептун, книжарница „Три“, и ваучери за сите продавници во Ист гејт мол (напомена: според потрошувачката политика на Ист гејт, ваучерот може да е од илјада до 5 илјади денари. Тоа значи дека би морале да комбинирате со Нептун/Три за да ја добиете целосната вредност од 14 илјади денари).
Уште еднаш честитки и срдечен поздрав,
Никола Милошевски
Координатор на заедницата на Споделено знаење
nikolamilosevski.wiki@gmail.com
Dandarmkd (разговор) 14:32, 29 мај 2023 (CEST)[одговори]
Испратив e-mail претходно со следнава содржина:
Почитувани,
Ви благодарам за наградата, чест ми беше да учествувам во наградната игра и да придонесам за споделеното знаење на тема „Хемиски соединенија“. Ваучерот би сакала да биде од Нептун во полн износ од 14.000 денари. Околу подигањето на ваучерот, кое време би можела да го подигнам?
Поздрав Emgp31012207 (разговор) 16:52, 29 мај 2023 (CEST)[одговори]
Здраво,
Кога може да се подигнат ваучерите? Emgp31012207 (разговор) 12:21, 14 јуни 2023 (CEST)[одговори]