Разговор со корисник:Duskogosevski

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Duskogosevski, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Здраво и добредојдовте на Википедија на македонски јазик! Ја средив статијата Душко Гошевски (треба прво името па презимето) според стандардите на Википедија, но ќе ве замолам да посочите некој надворешен извор (весник, веб-сајт (не блог!) или слична референца) каде што се спомнува нешто за темата. Исто така, ако планирате да подигнувате слика, ве молам подигнете ваша слика (слика во ваша сопственост), односно слободна слика без авторски права од некој весник или слично. На страницата за подигнување слики е објаснето како да наведете дека вие сте авторот на сликата. Ако имате прашања, слободно обратете ми се. --iNkubusse A? 13:38, 22 јуни 2008 (UTC)

Одговор[уреди извор]

Ок, прво две битни работи:

  1. Ве молам кога пишувате пораки на страници за разговор, секогаш оставајте потпис на крајот од вашите пораки, со самото тоа што ќе внесете четири тилди (вака: ~~~~). Тоа автоматски ќе го испише вашето име и времето на оставање на пораката.
  2. Рековте „мојата статија“. Содржината на Википедија не припаѓа никому посебно, туку на сите подеднакво. Статиите можат да ги уредуваат сите луѓе со пристап до интернет и со тоа да придонесуваат кон слободната енциклопедија.

Е сега, да ви одговорам за категории и слики. Статиите се додаваат во категории со внесување на следниов викитекст:

[[Категорија:ИМЕНАКАТЕГОРИЈАТА]]

на самиот крај на статијата, но пред интервики-врските.

Статијата Душко Гошевски е веќе во категоријата Категорија:Македонски писатели. Моментално листите воопшто не ни се средени и нема потреба да се грижите за тоа (внимавајте, листа и категорија не е исто). Статијава е во Категорија:Листа на македонски писатели, што воопшто не е правилно и не треба да биде така! Но уште еднаш ќе кажам, вие не се грижете за тоа.

Слики на Википедија се подигнуваат со алатката „Подигни датотека“ што се наоѓа најлево во „алатникот“ (побарајте го под кутијата за пребарување). Моментално имаме огромен проблем со сликите на македонската Википедија, бидејќи за сите мора да биде наведен извор и сите мора да бидат правилно лиценцирани, а кај нас не се сите. :) Значи, ако сакате да подигнете слика за Душко Гошевски, ве молам подигнете ваша слика, односно слика чиј сопственик сте вие, а не некој весник или слично. Во прозорецот за подигнување е објаснето како да наведете слободна лиценца за вашата слика (најдобро е да одберете „ГЛСД, ваше дело“). Ако подигнете слика без соодветно наведен извор и без правилна лиценца, најверојатно ќе биде избришана. Затоа, подигнете ваша слика и наведете дека вие сте нејзиниот сопственик. Откако подигнете слика, вклучете ја во статијата со внесување на следниов викитекст:

[[Слика:ИМЕНАСЛИКАТА.екстензија|лево/десно|мини|200п|ОПИС]]

на местото каде што сакате да биде поставена сликата. На местото „лево/десно“ одберете лево или десно, а каде што стои „200п“, внесете го бројот на пиксели на ширината на сликата, со „п“ по бројот. --iNkubusse A? 15:58, 24 јуни 2008 (UTC)

Под „.екстензија“ мислев на екстензијата за форматот на сликата, пр. .jpg или слично. --iNkubusse A? 13:44, 27 јуни 2008 (UTC)

За Вашето барање[уреди извор]

Здраво, ја средив статијата за Душко Гошевски преку референци кои цитираат веб страни и ги отстранив {{факт}} таговите. Мислам дека е ок сега статијата, но претпоставувајќи (фала богу) дека Вие сте Душко Гошевски, не е убаво да пишувате статии за себе си бидејќи тоа претставува конфликт на интереси. Ете, видете го овој текст овде, вториот параграф од првата секција како и овој текст од англиската википедија - en:Wikipedia:Autobiography. Инаку, кога се обраќате на страници за разговор, потпишувајте се со четири тилди, индентирајте итн, итн, еве ја страницата за помош, Википедија:Почетен курс (Страници за разговор), прочитајте ја. Инаку, сега бидејќи јас Ви помогнав, очекувам да ми вратите со тоа што ќе напишете барем една статија хехе . Ќе ме извините, но морам да се обидам да регрутирам википедијанци во било која прилика. Се надевам дека ќе дадете некој придонес повеќе. Поздрав, --Brainmachinewtf? 10:48, 3 јули 2008 (UTC)