Разговор за Википедија:Конвенции за именување (странски имиња и изрази)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Именување на Начин на користење Заклучок Коментар
Филмови и ТВ серии »Превод«; Транскрипција; Оригинал; Ок Готово Според правилата и прописите на македонскиот стандарден јазик, овој проблем е самиот решен без разлика на мислења.
Видео игри »Превод«;Транскрипција;»Оригинал«; Ок Готово Видео игрите во оригинал, апсурдно е да се преведуваат, но ако видео играта е базирана на нешто што кај нас има јасен превод (како на пример некоја книга, филм, личност и сл.) тогаш и самата игра ќе се преведе, но не е грешно да остане во оригинал
Книги (романи, драми и сл.) »Превод«; Транскрипција; Оригинал; Ок Готово Според правилата и прописите на македонскиот стандарден јазик, овој проблем е самиот решен без разлика на мислења.
Песни Превод; Транскрипција; »Оригинал«; Ок Готово Проблем решен од одамна.
Музички бендови Превод; Транскрипција; »Оригинал«; Ок Готово Проблем решен од одамна.
Установи (училишта, факултети, болници и сл.) »Превод«; Транскрипција; Оригинал; Ок Готово Превод според се уште неутврдени упатстава.
Компании Превод; Транскрипција; Оригинал;
Коли Превод; Транскрипција; Оригинал;
Брендови Превод; Транскрипција; Оригинал;
Списанија Превод; »Транскрипција; Оригинал;
Компјутерски и интернет поими. Превод; Транскрипција; Оригинал;

Се вели: Насловите на странски песни и бендови остануваат во оригинал на латинично писмо. Истиот случај е и со имињата на видео-игрите, како и имињата на познати странски компании и брендови. Но дали оригиналите се само на латинично писмо? Имаме оригинални наслови и на други писма, пример Бугарска или Руска кирилица, Кинески, Јапонски ... пиктограми. Некако ова не е баш најдобро дефинирано.--brest (разговор) 11:14, 13 јули 2009 (UTC)

За ова мислам дека разговаравме и на друго место, само не можам да го најдам. Не сум сигурен како да го решиме ова. Јапонските и кинеските компании мислам дека треба да одат во латинично писмо (сите позначајни компании и брендови од овие простори имаат интернационални имиња, во латиница). За руските компании се двоумам - невообичаено би било да ги оставиме во оригинална форма. --FlavrSavr (разговор) 11:21, 13 јули 2009 (UTC)
Значи не оставаме во оригинал, туку ги земаме интернационалните имиња во латинична транскрипција, претпоставувам во англиска абецеда. Но ако веќе правиме некаква транскрипција тогаш зошто да не направиме директно транскрипција и транслитерација во македонски јазик на македонска кирилица? А некаде во објаснувањето ако го знаеме оригиналниот назив да си стои оригиналниот и интернационалната верзија.--brest (разговор) 12:15, 13 јули 2009 (UTC)
Направив неколку промени кои мислма дека се потребни. Прво по мало размислување сфатив дека колите спаѓаат во производ на некоја фирма. Така што БМВ може да биде и фирмата/компанијата која ги произведува возилата кои пак се нејзин производ. Истото важи и за списанијата, има некои познати списанија кои спаѓаат под големи издавчки куќи кои се сметаат за компании а списанијата за нивни производ. А бидејќи рековме компаниите во оригинал тогаш и овие компании одат во оригинал, како и производите. Само сепак мислам исто како што беше пробелмот со добредојде закличучивме дека треба да го следиме правописот. Затоа ако може некој да провери како правила имаме во врска со транскрипција и превод. Јас проверив во неколку учебници но има само за транскрибција на имиња, проверив и во еден прирачник за матура но и таму нема.--Макс(разговор) 12:35, 13 јули 2009 (UTC)
Имињата на руските компании нема да биде лошо да се транскрибираат во македонска кирилица, бидејќи не се губи суштината на името. А, за кинеските и јапонските не гледам енкој проблем да се транскрибираат во латиниќно писмо, бидејќи на пример да ја земеме компанијата Toyota Motors Corporation (ова е оригиналот, односно транкрипцијата веќе е направена). Мислам дека транскрипција во латиница или во некои случаи во кирилица имаат сите кинески и јапонски компнии.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:08, 13 јули 2009 (UTC)
А зошто не би било Корпорација Тојота Мотори или Тојота Мотори Корпорација? Јас мислам дека не постои нешто како официјално интернационално писмо. Можеби латиничното писмо од англиската абецеда претендира да биде тоа, затоа што е широко распространето, но сеуште не е. А ние сакаме да бидеме прозападно/проамерикански настроени па го прифаќаме тоа писмо како светост. Доколку Toyota Motors би дошла да регистрира подружница во Македонија, според законската регулатива би требало името да биде на македонски јазик и кирилско писмо. Пример види ТОЈОТА, ИБМ, или МИКРОСОФТ или ЏОНСОН]. Друго е користење на лого, како визуелен симбол.--brest (разговор) 13:51, 13 јули 2009 (UTC)
Не мислев статијата да се вика со целото име, туку само Toyota. Сепак, мислам дека со оглед на донесувањето на новиот закон, сите организации да се регистрираат на кирилица, ова би можело да има влијание и на имињата на статиите за истите на Википедија. Мислам дека се губ и духот на статијата доколку некои наслови се транскрибираат на кирилица (на пр. AG2R е име на позната француска осигурителна компанија; транскрипцијата нам кирилица треба да биде АЖ2Р, а не АГ2Р). Сличен ваков проблем може да настане и со транскрипцијата на латиничните имиња во кирилица, кои се транскрибирани во латиница од кинески или јапонски. Погледнете ја само македонската транскрипцијата на кинескиот јазик. Проблемот е дотолку поголем што, дури ни во транскрипцијата на латиница, постои сомнеж од правилната транскрипција на латиничното име во кирилица. Многумина си мислат дека ако нешто е на латиница, тогаш мора да се применува македонската транскрипција на англискиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:14, 13 јули 2009 (UTC)