Разговор за Википедија:Експедиции

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Агроекспедиции за истражување на земјоделството[уреди извор]

Почитувани пријатели, соработници и колеги,

Уредувајќи ја статијата за Земјоделство во Македонија и гледајќи ја страницава за проектот Експедиции како и идеата за Вики-вино, дојдов до идеа за нов сеопфатен проект со многу широк опсег, насловен како Агроекспедиции чија главна цел и намена ќе биде да се отиде на терен (лице место) и да се се сликаат разни посеви на земјоделски култури и тоа од различни видови како и од различни сорти на една култура (видови жита, сорти на пченица, пченка, зеленчук, грозје, овошни насади) или стада на добиток (овци, кози, крави) кои би се користеле не само за оваа капитална и огромна статија за македонското земјоделие, туку и во статитите за секое земјоделско растение посебно, за регионите (области, села, места) во кои се најзастапени и по нив се препознатливи (пр. Кочанско по оризот, Тиквешко по лозјето) како и воопшто статиите за овие региони и за овие земјоделски култури на другите јазици - англиски, француски, руски, српски, бугарски итн, со што овој проект би имал голем опсег и значење (импакт).

Знам дека многу доцна ми текна на ова, но имајте го на ум големото значење, можности за придонес и опфат што ги има земјоделството чие истражување самото по себе подразбира одење на терен и патување. Како идеа ова мислам би има многу позитивен одек и на светско ниво по што и во другите земји би започнале вакви Агроекспедиции, па затоа предлагам догодина дел од предвидениве средства што ќе останат од разните видови на експедиции да се пренаменат за една пробна „земјоделска агроекспедиција“ од чии резултати догодина во грантот ќе може да бараме поголеми и повеќе средства. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 09:47, 30 декември 2015 (CET)[одговори]

Замислете го само опсегот кој би го опфатил овој проект кој секако надминува една година, само би споменал што сè би можело да се опфати за сликање при еден ваков проект на теренско истражување - експедиции:
  • земјоделски растенија и култури: жито, зелечнук, овошје и овошни насади, грозје, нивни видови, сорти на видовите, застапеност (ридови, долини, посебни географски региони)
  • дејности и земјоделски циклуси: орање, пролетна и есенска сеидба, жетва, берба, гроздобер, цутење, зреење (пролет, лето и есен), сликање на самите манифестации како: Тиквешки гроздобер (септември), Преспански јаболкобер (октомври), Денови (на жетвата) на оризот во Кочанско, закројување на лозниците за Свети Трифун (февруари), Ден на гравот во Тетовско (ноември), ден на Празот во Градошорци (ноември), стрижење овци во Галичник (јули) итн.
  • земјоделска механизација, машини и алати/орудија: сликање на трактори, комбајни, плуг, рало, мотики, лопати, препарати - ѓубрива итн.
  • земјоделски преработки и видови на готови преработени домашни и индустриски прехранбени производи: видови ракии сосе нивно печење и производство :D, ајвари, мармалади, џемови, брашно и леб, производство на сирење, кашкавали, млечни производи, урда, буковец - црвена сол (пр. во селата Буково, Бистрица), мед итн (тука и многу би се вкусувало и дегустирало ;D ).

Само замислете колку можности за работа и истражување (а и вкусување :) ) ќе ни отвори еден ваков проект - Агроекспедиции - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 10:01, 30 декември 2015 (CET)[одговори]