Разговор:Фуџи (јаболко)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Mислам дека сте го помешале брзините. Оваа напишаново е сорта на јаболко од Јапонија. А корисникот кога напишал за јапонско јаболко мислел на овошјето Каки, односно Персимона или кај нас познато како јапонско јаболко. И интервиките се побркани. На англиската два наслова водат кон нашиов. Едниот е en:Fuji (apple), што е точен спрема овој наслов, а другиот е en:Persimmon, што е комплетно погрешно. --Raso mk 07:53, 22 јули 2008 (UTC)

Јас сум збунет сега. Ова какито повеќе ми изгледа на урма на мене отколку на јаболко. Види ја и класификацијата во инфокутијата - не е ни блиску до розите, а не пак до родот на јаболката. Ако нешто што не е јаболко може да се нарече јаболко, алал им вера на тие што го крстиле така. Интервикито лаже, барем јас така мислам. Сега за сега, фуџито е јаболко, плус е од Јапонија, значи јапонско јаболко. Ако има некој постручен што се разбира од ова, нека поправа на лице место. Brainmachinewtf? 12:45, 22 јули 2008 (UTC)
Видете вака. Тоа што тука во Германија се нарекува првенствено Каки (Медено јаболко, Персимоне) (што има потекло од Македонија, Јапонија и сл.), а тоа што има потекло од Израел (исто само нешто помало) се нарекува Шарон. Е сега знам дека и во Македонија има плантажи (Гевгелиско-валандовски крај) и го нарекуваат Јапонско јаболко. Бидејќи некој го донел растението од Јапонија, и веројатноста дека во Македонија го немало и најлесно било да се крсти Јапонско јаболко. Незнам што да правиме со поимот Јапонско јаболко, бидејќи во Македонија милион посто се мисли на Каки. --Raso mk 16:15, 22 јули 2008 (UTC)

Google ги разреши сите дилеми - клик Diospyrus kaki. Ок е, статијата ќе си стои како Фуџи, а за јапонско јаболко нешто друго ќе треба да напишеме. Brainmachinewtf? 17:18, 22 јули 2008 (UTC)

  • Дополнително да ви помогнам со недоумицата — низ сето мое искуство, ваквиот плод сме го нарекувале или јапонско јаболко или, подеднакво често, рајско јаболко. Бидејќи ова е чест и прилично стандарден поим, предлагам да стои како еден од имињата, ако не и официјалното на енциклопедијава. (коментар од Корисник:Bjankuloski06 07:53, 24 јули 2008 (UTC))