Разговор:Соработна програмска опрема

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Иако не гледам лошо во тоа да се направи некому услуга, сепак универзитетот си има свои сервери, не им треба википедија за да си тестираат некои идеи на овие сервери. Јас мислам дека статијата е апсолутно за бришење, бидејќи содржината нема воопшто никаква енциклопедиска содржина. Инаку Википедија не е место за апели и за иницијативи, уште помалку за универзитети (кои си имаат свои сервери, може да си направат свое вики). Би сакал да слушнам некој коментар во врска со ова, нема смисла туку така да ја избришам штом досега не сте ја избришале. Но за 1 ден ќе ја избришам (бидејќи сметам дека ќе се согласите дека нема логика да стои оваа статија на Википедија). -{админинстратор}- гитардемон 13:18, 15 април 2009 (UTC)

Статијата веќе еднаш беше избришана. Ја избришав поради тоа што информацијата беше всушност целата содржина, а остатокот од статијата немаше енциклопедиски карактер. Арно ама, типот што ја напишал статијата ме замоли да ја обновам, а за возврат се понуди дека тој и некои негови колеги ќе ја средат како што треба (ќе добие енциклопедиски карактер) и може да ни помогнат околу уредувањето на статии од оваа област. Јас ја обновив со опомена да се остатрани информацијата во најбрз можен рок. Сега видов дека ја средиле малце статијата, а информацијата ја ставиле во белешки. Ако разгледаме сега убаво, всушност во белешките не е наведена целата информација, туку тоа е само еден поттик за да се поттикнат студенти да уредуваат. Мислам дека треба да ја оставиме статијата отворена барем 3 дена за да видиме со каков интензитет ќе се развива. Затоа што, како што прочитав Гитардемон како причина за бришење го наведе и тоа што нема воведен дел и што не е добро средена статијата. Тоа не е некој проблем. Сепак, мое мислење е да ја оставиме статијата вака 3 дена, па откако ќе видиме што ќе се случи, потоа ќе донесема конечна одлука.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:37, 15 април 2009 (UTC)


Следниов текст е префрлен од статијата на оваа страница за разговор, бидејќи не претставува енциклопедиска содржина:

(слободно може да ја дополнувате и менувате. Кога ќе завршиме со дополнување на табелата, може да нацртаме полична сликичка)

Колаборативни компјутерски системи е предмет кој се слуша во X семестар од постдипломските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии при универзитетот Св. Кирил и Методија - Скопје - Република Македонија. Одговорен професор за предметот е вон. проф. д-р. Владимир Трајковиќ.

Страницава е наменета како белешка од предавањата кои се слушаат во летниот семестар 2009 година. Целта на оваа страница е да биде уредена од страна на сите студенти кои го слушаат предметот, колаборативно.

Почитувани студенти постдипломци и почитуван вон. проф. Ви посакувам успех во вашата работа. Би замолил вашите придонеси на википедија на македонски јазик да бидат усогласени со принципите на википедија.--brest (разговор) 17:10, 15 април 2009 (UTC)

Што ќе правиме со оваа статија? Ако не ја бришеме да го тргнеме шаблонов за бришење а ако не да ја отстраниме од Википедија. Поздрав--MacedonianBoy 15:22, 17 април 2009 (UTC)
Како што споменав и погоре, статијата веќе еднаш беше избришана, па ја обновив бидејќи примив топла порака од студентите од електротехничкиот факултет предводени од нивниот професор кои ми објаснија дека уредувањето на статијата и други статии поврзани со оваа тема им е дел од семинарска работа. Затоа, мислам дека многу негативно ќе се одрази постапката за бришење на статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:22, 20 април 2009 (UTC)
Негативно мислам е за Википедија што луѓево во Македонија ја сфаќаат Википедија како место за експериментирање и промовирање. Ако сакаат семинарска нека ја напишат целата статија па да имаме и ние ќар нешто а не само услуги да вршиме. Така на пример ученици од Демир Хисар ја правеа општина Демир Хисар бидејќи им требаше за каталог, но видите ја статијата колкава е, и ние сме во ќар со тоа. Се надевам ме сфаќате. Поздрав--MacedonianBoy 18:35, 20 април 2009 (UTC)

Шаблон за внимание[уреди извор]

Зошто се враќа шаблонот за внимание кога статијата е добра, дури подобра од многу други статии на Википедија.--Никола Стојаноски 09:24, 9 јуни 2009 (UTC)

Добра е, ама сеуште и треба внимание.--brest (разговор) 09:29, 9 јуни 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • честопати наместо често пати.
  • Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано.
  • врски наместо линкови, англизам.
  • Податотека наместо File, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 10:35, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано. карта наместо мапа, англизам.

  • Наводи наместо Референци, англизам.

образовен наместо едукативен, непотребен интернационализам. создава наместо креира, непотребен интернационализам. опслужувач наместо сервер, англизам. опслужувачи наместо сервери, англизам. посредник наместо интерфејс, англизам. Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:06, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • „така што“ наместо „така да“, србизам.
  • податотеки наместо датотеки, англицизам.
  • посредник наместо интерфејс, англицизам.
  • врската наместо линкот, англицизам.
  • управува наместо менаџира, англицизам.
  • опслужувач наместо сервер, англицизам.
  • податотека наместо фајл, англицизам.
  • податотеки наместо фајлови, англицизам.
  • образование наместо едукација, непотребен интернационализам.
  • соработка наместо колаборација, непотребен интернационализам.
  • создава наместо креира, непотребен интернационализам.
  • создаден наместо креиран, непотребен интернационализам.
  • јули име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 00:05, 9 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]