Разговор:Историја на административната поделба на Македонија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Спојување[уреди извор]

Мислам оваа содржина треба да се спои со статијата Македонија (регион) зошто истата е. Нема потреба од две статии со иста содржина или содржини кои можат да се дел од друга.--Никола Стоіаноски 18:31, 23 мај 2010 (UTC)

Не е баш истата. Ама да прашам во кој правец мислиш дека треба да се спои?--brest (разговор) 18:41, 23 мај 2010 (UTC)
Статијата Македонија (регион) е моментално мала, а ако оваа содржина сега што е на оваа статија ја додадеме во таа за регионот ќе биде одлично. Рационално гледано не постои административна поделба на регион, ова е политичка поделба на регионот која трае и денес и е одлична историска секција за статијата. Поз--Никола Стоіаноски 18:43, 23 мај 2010 (UTC)
:) Сакав да прашам, дали содржината од статијата Македонија (регион) мислиш да ја префрлиме овде и таа статија да ја избришеме? Поентата не е во големината на статиите, во нешто друго е.--brest (разговор) 18:51, 23 мај 2010 (UTC)
Ајде да не тераме сега „езгии“ со статииве, и затоа мислам дека оваа треба да се вика Историски административни поделби на Македонија, а овој наслов да биде за современа Македонија.--Р ашо 19:00, 23 мај 2010 (UTC)
Во потполност се согласувам. Оваа моментална содржина повеќе наликува на Историја на регионот Македонија одошто административна поделба. Не може да се разговара за административна поделба за ентитет кој никогаш политички не постоел. Дали сте виделе административна поделба на Епир како област или Бохемија како регион? Сите се историски региони но никој не ги третира како такви. Ова денес што се случи најмалку го очекував и на некој начин сум многу разочаран. --Никола Стоіаноски 22:40, 23 мај 2010 (UTC)

Преместување[уреди извор]

Како што мислам веќе се договоривме, овој наслов е грешен и треба да се однесува за државата, а оваа статија треба да е Историски административни поделби на Македонија. --Никола Стоіаноски 12:24, 13 јуни 2010 (CEST)[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 21:56, 8 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]