Разговор:Битлси
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Битлси“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Поштовање, драге комшије из Македоније! Надам се да ћете ме разумети, јер не умем да користим македонски, иако сам више него разумео текст.
Пошто сам приметио очигледну сличност између раније српске верзије и садашње македонске, морам Вас најљубазније замолити да обратите пажњу на најсвежије измене у српској верзији (којој сам ја добрим делом допринео)и убаците их на ову страну! Разлог је најпре у томе што у овом тексту има грешака, које су касније исправљене, а убачени су и текстови о албумима. Са надом да ћете уважити ову добронамерну сугестију, и извињење што не могу да се улогујем због неког квара, поздравља Вас DustBGD89
Именување на групата The Beatles
[уреди извор]Мое мислење е дека статијата треба да се именува како Битлсите (членувано). Изворното име е The Beatles ('the' означува членување). Според тоа, Beatles=Битлс; The Beatles=Битлсите. Ако некој се прашува, зошто оваа статија го избегнува напатствието за именување на бендови, јас сметам дека е важно да остане насловот онака како што е познат на македонски јазик за полесно пронаоѓање, бидејќи Битлсите одат над границите на музиката како бенд и преминуваат во своевиден социјален и културен феномен кој засекогаш ја обликува модерната историја. Она што сакам да го кажам е дека Битлсите се повеќе од обичен рок/поп бенд и како такви се познати на мнозината читатели кои зборуваат на македонски јазик. --Brainmachinewtf? 17:19, 20 септември 2008 (UTC)
- Пред само дваесетина минути го догледав A Hard Day's Night... по кој-знае кој пат пат. И сѐ уште е смешен филмот: Битлси(те) сериозно се ненадминливи (само видете го овој извадок од филмот!). И добро - да се вратам на темата за името. Резултати по пребарување на Гугл: Битлс (31,600), Битлси (20,500), Битлсите (578). Потполно се согласувам со размислувањето на Brainmachine - и не гледам зошто да не е правилно да биде Битлсите - само што ми изгледа дека кај нас, по некоја чудна логика, токму она второто - Битлси е некој вид на членувана форма од Битлс; оттука и толку малку резултати по пребарувањето на Битлсите. Така што, повеќе сум да се вратиме на Битлс или, можеби да го промениме во Битлси; Битлсите - иако навистина правилно - не ми звучи како нешто што би можело да се усвои. Нешто како кај Монти Пајтон - неправилно е да биде Монти Пајтон (Monty Python, всушност, се чита Монти Питон - како што и е прочитано секој пат кога почнува Летечкиот циркус - а згора на сето тоа она Python е, буквално истото што значи и Питон кај нас - вид змија), но, по некоја чудна логика и игра на нештата, ете, токму Монти Пајтон се задржало во говорниот македонски (да не испаднам многу паметен: кога се пишуваа статиите, јас бев оној што се залагаше за да го преведеме со Монти Питон - без разлика на тоа што до ден-денес не сум го изговорил така - се додека FlavrSavr не ми го посочи погоре кажаното). И уште нешто: всушност, многу групи кои ние ги познаваме во нечленувана форма, на англиски имаат членуван назив. Еден класичен пример - Ролинг Стоунс (The Rolling Stones). Доколку ја следиме логиката на преведувањето - зашто и Стоунси се една од неколкуте групи што ги има надминато границите на музиката (нормално, никој како Битлси(те)!) - би требало Ролинг Стоунс да стане Ролинг Стоунсите. No matter how right - it simply, doesn't work!. И еве го пак она чудно членување - место варијантата со класичниот член, некако се усвоило Стоунси (со и, како и кај Битлси) да биде доопределувачка варијанта на неутралниот, општ назив на групата. --Виктор Јованоски (разговор) 23:37, 20 септември 2008 (UTC)
- Може ли вака да направиме? Да ја именуваме страницата Битлс(и) за полесно пронаоѓање преку гугл, а во текстот да ги именуваме правилно како Битлсите? Само што да биде, Битлс или Битлси? Гугл ги има повеќе резултати за првата варијанта. --Brainmachinewtf? 10:11, 21 септември 2008 (UTC)
- P.S. Го имаш ли гледано Across the Universe? Секој Битлс фан мора да го изгледа! --Brainmachinewtf? 10:15, 21 септември 2008 (UTC)
Не мора ние на Википедија да исправуваме криви Дрини - во Македонија тие се познати како Битлси, така и ќе ги бараат на Википедија. Битлсите може да е само редирект. Boyan (разговор) 11:18, 21 септември 2008 (UTC)
- Мислам дека треба да биде Битлси (од погоре разјаснетото: токму тоа е некој вид на членувана варијанта на Битлс; со други зборови Beatles=Битлс, The Beatles=Битлси). А инаку за филмот: Across the Universe ми е на трето место на листата на најдобри филмови од минатата година (зад Atonement и No Country for Old Men) - неверојатно добро сработен и вкомпониран филм. И доста добра обработка на песните. --Виктор Јованоски (разговор) 11:26, 21 септември 2008 (UTC)
- Договорено, Битлси ќе биде конечно. --Brainmachinewtf? 12:14, 21 септември 2008 (UTC)
- Мислам дека треба да биде Битлси (од погоре разјаснетото: токму тоа е некој вид на членувана варијанта на Битлс; со други зборови Beatles=Битлс, The Beatles=Битлси). А инаку за филмот: Across the Universe ми е на трето место на листата на најдобри филмови од минатата година (зад Atonement и No Country for Old Men) - неверојатно добро сработен и вкомпониран филм. И доста добра обработка на песните. --Виктор Јованоски (разговор) 11:26, 21 септември 2008 (UTC)
brest-bot проверка на правопис
[уреди извор]- цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 18:26, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.
brest-bot проверка на правопис
[уреди извор]- списоци наместо листи, непотребен интернационализам.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 21:18, 1 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.