Работно место (филм од 1961)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Работно место (италијански: Il Posto) - италијански филм од 1961 година, во режија на Ермано Олми. Главните улоги ги толкуваат: Сандро Панзери и Лоредана Дето. Филмот има освоено пет награди на филмските фестивали, меѓу кои и три награди на Венецијанскиот филмски фестивал.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Доменико (го игра Панзери) е младо момче од провинцијата кое се пријавува за работа во голема фирма во Милано. На тестирањето ја запознава Антонјета (ја игра Дето) и се вљубува во неа. Потоа, двајцата добиваат известување дека се примени на работа, но привремено Доменико работи како курир. Доменико и Антонјета работат во различни згради, така што тој никако не може да ја сретне. Најпосле, тој успева да ја види и таа го кани на новогодишната прослава што ја организира нивната фирма. Доменико оди на прославата, но Антонјета не се појавува. На крајот од филмот, по смртта на еден службеник, се ослободува работно место за Доменико. Кога седнува на својата работна маса, Доменико сфаќа дека тука ќе остане заробен целиот живот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]