Прејди на содржината

Пукање (пијалак)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пукање (или пукање од огнено оружје) е британски алкохолен пијалак со кофеин, коктел направен од црн чај и рум.Потекнува од британската армија и се користи како назив за ран утрински чај во армијата.[1][2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Британската армија[уреди | уреди извор]

Не е познато кога бил измислен коктелот, но познато е дека бил создаден од војниците на британската армија во текот на 1890-тите.[4] Пукање се сервирало од офицерите и подофицерите за пониските чинови пред утринскиот напад (како форма на холандска храброст).[5] Исто така, традиционално им се служело на војниците во нивните кревети од страна на нивните офицери на Божиќ, доколку биле распоредени за Божиќ.[6] Индивидуалните полкови можат да го извршуваат ритуалот во други денови: на пример, во кралскиот тенковски полк се служи пијалакот на Денот на Камбреи; во кралските хусари на кралицата на Денот на Балаклава и Денот на Свети Патрик; и во кралската драгунска гарда го пијат пијалакот со виски наместо рум на Денот на Свети Патрик.

За време на Корејската војна, членовите на американскиот воен полициски корпус го пробале коктелот од британски војници мислејќи дека тоа е нормален чај по мисијата за опоравување. Ова довело до интоксикација на американскиот корпус кои потоа со оклопно возило и неколку армиски џипови се удриле во капијата на кампот.[6]

Армијата на Австралија и Нов Зеланд[уреди | уреди извор]

Во Австралија и Нов Зеланд на Денот на АНЗАК, нивната верзија на пукање се сервира со црно кафе наместо чај и им се служи на војниците пред богослужбите како дел од „појадокот со пукање“.[7]

Цивили[уреди | уреди извор]

Пукањето исто така, се правело и пиело надвор од воените кругови. Коктелот се сервирал на учесниците во британскиот реалити шоу, Армијата на лошите момци, било сервирано од страна на подофицери пред нивната парада на дипломирање, отсликувајќи ја истата процедура како во британската армија.[8]

Пијалакот го пијат и австралиски цивили за да го одбележат Денот на АНЗАК.[9]

Сличен пијалак, особено во германското говорно подрачје е Јагерте.

Рецепт[уреди | уреди извор]

Пукањето се состои од една шолја црн чај со една доза рум, која потоа се промешува во чашата.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Band, Drums & Music“. Queens Royal Surreys. Посетено на 11 June 2013.
  2. "gun, n.". OED Online. June 2013. Oxford University Press. 18 June 2013
  3. MacDonald Fraser, George (2000). The Complete McAuslan. HarperCollins UK. стр. xiv. ISBN 0006513719.
  4. Partridge, Eric (2002). A Concise Dictionary of Slang and Unconventional English (8th. изд.). Routledge. стр. 513. ISBN 0415291895.
  5. Fisher, Russell (2008). Soldiers of Shepshed: Remembered 1914 – 1919. Shepshed: Troubador Publishing Ltd. стр. 216. ISBN 978-1848760875.
  6. 6,0 6,1 Dutton, John (2007). Korea 1950–53 Recounting Reme Involvement. Lulu. стр. 26–27. ISBN 978-0955675300.
  7. Miller, Jack (2010). Kingdom Collision: The Movement of God's Spirit in a Time of War. CrossBooks. стр. 69. ISBN 978-1462700363.
  8. {{{title}}}.
  9. Ian Rose (21 April 2013). „Anzac Day: 'over the top' takes on new meaning“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 11 June 2013.
  10. Miller, Dalyn (2006). The Daily Cocktail: 365 Intoxicating Drinks and the Outrageous Events that Inspired Them. Fair Winds. стр. 122. ISBN 1610593790.