Протеобактерии
Протеобактерии | |
---|---|
Escherichia coli | |
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Proteobacteria Stackebrandt et al., 1988 [1] |
Протеобактериите (Proteobacteria) се една од главните групи (тип) на бактерии. Тука припаѓаат неколку патогени, како Escherichia, Salmonella, Vibrio, Helicobacter и многу други важни родови. [2] Другите се слободноживеачки и ги вклучуваат многу од бактериите одговорни за азотна фиксација.
Поради големото разнообразие на форми во оваа група, протеобактериите се именувани по Протеус, грчкиот бог на морето, способен да го менува своето тело во најразлични форми.[1] [3]
Особини
[уреди | уреди извор]Сите протеобактерии се грамнегативни, со надворешна мембрана составена главно од липополисахариди. Многу од нив се движат со помош на камшичиња, но некои се неподвижни или зависат од бактериското лизгање по површината. Вакви лизгачки бактерии се, на пример, миксобактериите, единствена група на бактерии кои можат да се агрегираат и да дадат повеќеклеточни плодни тела. Исто така, постои и големо разнообразие во типовите на метаболизам меѓу претставниците од оваа група. Повеќето членови се факултативно или облигатно анаеробни и хетеротрофни, но постојат бројни исклучоци. Неколку родови, кои не се блиску меѓусебно поврзани, ја претвораат енергијата од светлината по пат на фотосинтеза. Овие се т.н. пурпурни бактерии, чие име се однесува на најмногу црвеникавата пигментација.
Систематика
[уреди | уреди извор]Оваа група е образувана главно врз основа на проучување на секвенци од рибозомска РНК (rRNA). Протеобактериите се поделени во пет оддели, означени со грчките букви алфа до епсилон, исто така основани на проучување на rRNA секвенци. Овие групи многу често се третираат како класи. Иако претходно е укажано на тоа дека Gammaproteobacteria e парафилетски таксон во однос на Betaproteobacteria, скорешните молекуларни податоци укажуваат дека ова не е точно. Одделите на протеобактерии порано се сметаа за поткласи (на пример, α-поткласа на Proteobacteria), но сега се сметаат за класи (на пример, Alphaproteobacteria) и би требало да се пишуваат со закосени букви, како еден збор[4].
- Alphaproteobacteria
- Betaproteobacteria
- Gammaproteobacteria
- Deltaproteobacteria
- Epsilonproteobacteria
- во поново време се наведува и шеста група — Zetaproteobacteria.
- Caulobacterales — на пример Caulobacter
- Parvularculales
- Rhizobiales — на пример Rhizobia
- Rhodobacterales
- Rhodospirillales — на пример Acetobacter
- Rickettsiales — на пример Rickettsia
- Sphingomonadales — на пример Sphingomonas
- Burkholdériales — на пример Bordetella
- Hydrogenophilales
- Methylophilales
- Neisseriales — на пример Neisseria
- Nitrosomonadales
- Rhodocyclales
- Procabacteriales
- Acidithiobacillales
- Aeromonadales — на пример Aeromonas
- Alteromonadales — на пример Pseudoalteromonas
- Cardiobactériales
- Chromatiales — пурпурни бактерии
- Enterobactériales — на пример Escherichia
- Legionellales — на пример Legionella
- Methylococcales
- Oceanospirillales
- Pasteurellales — на пример Haemophilus
- Pseudomonadales — на пример Pseudomonas
- Thiotrichales — на пример Thiomargarita
- Vibrionales — на пример Vibrio
- Xanthomonadales — на пример Stenotrophomonas
- Bdellovibrionales — на пример Bdellovibrio
- Desulfobacterales
- Desulfovibrionales
- Desulfurellales
- Desulfuromonadales — на пример Geobacter
- Myxococcales — миксобактерии
- Syntrophobacterales
- Campylobacterales — на пример Helicobacter или Campylobacter jejuni
- Nautiliales
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Протеобактерии“ на Викивидовите ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Stackebrandt et al. Proteobacteria classis nov., a name for the phylogenetic taxon that includes the "purple bacteria and their relatives".[мртва врска] Int. J. Syst. Bacteriol., 1988, 38, 321-325.
- ↑ Madigan M; Martinko J (editors). (2005). Brock Biology of Microorganisms (11. изд.). Prentice Hall. ISBN 0131443291.
- ↑ „Proteobacteria“. Discover Life: Tree of Life. Посетено на 2007-02-09.
- ↑ Lee at al. Int J Syst Evol Microbiol 55 (2005), 1907-1919.