Прејди на содржината

Проста делба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анимација на една бинарна делба.

Проста делба — поим вобиологијата кој означува делба на клетката (или телото, популацијата или видот) на две или повеќе делови и регенерацијата на тие делови во одделни клетки (тела, популации или видови).[1][2][3] Бинарната делба дава две одделни клетки, популации, видови итн., а повеќекратната (мултипна) делба дава повеќе од две клетки, популации, видови итн.

Бинарна делба кај прокариотите

[уреди | уреди извор]

Прокариотската делба, која е од типот на бинарна делба, е форма на бесполовото размножување и клеточна делба која се среќава кај сите прокариоти (бактерии и археи), како и од некои органели од еукариотските организми. Овој процес резултира со појава на размножување на живата прокариотска клетка (или органела) на два дела од кои секој има потенцијал да израсне колку и првичната клетка (или органела). За ваквиот тип на делба не е потребно формирање на делбено вретено. Единечната ДНК молекула најпрво се реплицира, а потоа секоја добиена копија ја прикачува за различен дел од клеточната мембрана. Кога клетката започнува да се разделува, реплицираните и првичните хромозоми се одделуваат. Последицата од овој бесполов начин на размножување е дека сите клетки се генетски еднакви, односно имаат ист генетски материјал.

Повеќекратна (мултипна) делба кај протистите

[уреди | уреди извор]

Повеќекратната (мултипна) делба на клеточно ниво се среќава кај многу протисти. Јадрото на родителската клетка се дели неколкупати со митоза, давајќи неколку јадра. Потоа цитоплазмата се разделува, создавајќи повеќе ќеркини клетки.[4][5][6] Кај апикомплексите, мултипната делба е позната како протозојска мерогонија (понекогаш се смета за синоним на шизогонијата). Со мерогонијата се добиваат мерозоити, кои се повеќе ќеркини клетки во иста клеточна мембрана.[7][8]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Carlson, B. M. (2007). Principals of regenerative biology. Elsevier Academic Press. стр. 379. ISBN 0123694396.
  2. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)[мртва врска]
  3. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  4. „Cell reproduction“. Encyclopedia Britannica.
  5. Britannica Educational Publishing (2011). Fungi, Algae, and Protists. The Rosen Publishing Group. ISBN 9781615304639.
  6. P.Puranik, Asha Bhate (2007). Animal Forms And Functions: Invertebrata. Sarup & Sons. ISBN 9788176257916.
  7. Lynn Margulis, Heather I. McKhann, Lorraine Olendzenski (1993). Illustrated glossary of protoctista: vocabulary of the algae, apicomplexa, ciliates, foraminifera, microspora, water molds, slime molds, and the other protoctists. Jones & Bartlett Learning. ISBN 9780867200812.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Yoshinori Tanada, Harry K. Kaya (1993). Insect pathology. Gulf Professional Publishing. ISBN 9780126832556.