Проантоцијанидини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Епикатехинот (EC), еден од градивните блокови на проантоцијанидините

Проантоцијанидини се класа на полифеноли кои се присутни во голем број на растенија. Хемиски, тие претставуваат олигомерни флавоноиди. Многу од нив се естри на катехинот и епикатехинот и нивни естри со галната киселина. Посложените полифеноли, кои ги имаат истите градивни блокови, ја формираат групата на танини.