Приватно банкарство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Приватно банкарство (англиски: private banking) претставува управувањето со целокупниот имот и сите финансиски и други активности на богатите луѓе. Оваа услуга е позната и под името управување со богатството (wealth management).

Одлики и содржина на приватното банкарство[уреди | уреди извор]

Со приватно банкарство вообичаено се занимаваат големите меѓународни банки кои имаат посебни организациски делови што нудат сеопфатни финансиски услуги наменети за богатите луѓе. Овие услуги се познати под името приватно банкарство, бидејќи банката и клиентот воспоставуваат лични односи, т.е. секој поединечен клиент си има свој личен банкар, а освен тоа, приватноста вклучува и тајност на информациите. Швајцарија е главен центар на приватното банкарство, а како најголеми даватели на вакви услуги се јавуваат банките, како што се: „УБС“, „Сити-груп“, „Мерил Линч“, „Кредит Свис“, „Барклис“ итн.

Приватното банкарство опфаќа голем број услуги, како што се:

Исто така, приватното банкарство вклучува и услуги поврзани со целокупниот живот и работа на богатите луѓе, почнувајќи од советување и финансирање во врска со уметнички збирки и скапоцености, одржување на куќите, воспитување на децата, па сè до планирање и организирање на патувањата и забавниот живот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Горан Петревски, Управување со банките (второ издание). Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 352.