Прејди на содржината

Препуштете ја на небото

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Препуштете ја на небото“ (англиски: Leave Her to Heaven) – филм на режисерот Џон М. Стал (John M. Stahl) од 1945 година. Филмот, чиј наслов е преземен од драмата „Хамлет“ на Шекспир, е снимен според романот на Бен Ејмес Вилијамс (Ben Ames Williams), а автор на сценариото е Џо Сверлинг (Jo Swerling). Главните улоги ги играат: Џин Тирни (Gene Tierney), Корнел Вајлд (Cornel Wilde), Џини Крејн (Jeanne Crain), Винсент Прајс (Vincent Price), Мери Филипс (Mary Philips), Реј Колинс (Ray Collins), Џин Локхарт (Gene Lockhart), Рид Хедли (Reed Hadley), Дерил Хикман (Darryl Hickman), Чил Вилис (Chill Willis), Гај Бич (Guy Beach) и Одри Бец (Audrey Betz). Филмот имал четири номинации за наградата „Оскар“, вклучувајчи ги и номинациите за најдобра женска главна улога, но победил само во категоријата за најдобра фотографија. Филмот претставува провокативно остварување кое е поделено на неколку поглавја. Во филмот успешно се комбинирани мелодрамата со елементите на „сапунска серија“ при што за пофалба се сугестивната и атмосферична режија, суптилното психолошко нијансирање на ликовите, одличната фотографија на Леон Шемрој (Leon Shamroy) и музиката на Алфред Њумен (Alfred Newman).[1]

Џин Тиерни и Жан Крејн во „Остави ја на рајот“

Синопсис

[уреди | уреди извор]

По отслужувањето на двегодишната затворска казна, на патот до дома, новинарот Ричард Харланд (го игра Вајлд) се присетува на минатото: Пред неколку години ја запознал привлечната Елен Брент (ја игра Тирни) која на прв поглед се заљубила во него. Меѓутоа, во тоа време, Ричард не знаел дека ја привлекол Елен само поради сличноста со нејзиниот покоен сопруг со кого таа била опсесивно поврзана. Иако била свршена за амбициозниот политичар Расел Квинтон (го игра Прајс), Елен решително ја раскинала свршувачката и, користејќи ја приказната за големата жал за мртвиот татко, го убедила Ричард да се ожени со неа. Набрзо се покажале нејзината посесивност и љубомора поради што таа се однесувала многу грубо кон секој што ќе се нашол во близината на Ричард, вклучувајќи ги нејзината посвоена сестра Рут (ја игра Крејн) за која се сомневала дека му е љубовница на Ричард, па дури и неговиот помлад брат, инвалидот Дени (го игра Хикман).

  1. Prepustite je nebu, američki film (1945.) - Zlatno doba Hollywooda (пристапено на 29.5.2022)