Предраг и Ненад

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предраг и Ненад — српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, а нему му ја испратил Јован Бериќ од Будим.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Една самохрана мајка ги одгледувала своите два сина, Предраг и Ненад. Кога пораснал, Предраг заминал во ајдуци, така што Ненад не го запознал својот брат. Подоцна, и Ненад станал ајдук каде се истакнал со својата способност и бил прогласен за ајдучки старешина. Еден ден, тој посакал да се врати кај мајка си и затоа ја распуштил својата дружина. Дома, тој ѝ се пожалил поради тоа што немал никого, а тогаш таа му кажала дека имал брат-ајдук. Така, Ненад заминал во планината за да го бара својот брат. Предраг ѝ наредил на дружината да му го доведат Ненад жив, но неговите ајдуци почнале да стрелаат во Ненад, а тој се разлутил и ги убил ајдуците. Тогаш, Предраг му поставил заседа и го погодил својот брат во срцето. Смртно ранет, Ненад го проколнал брата си, му се претставил и умрел. Откако увидел дека штотуку го убил својот брат, Предраг извршил самоубиство.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. „Предраг и Ненад“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 425-430.