Предлошка:Безвучна венечна нешушкава струјна согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Безвучна венечна нешушкава струјна согласка[уреди извор]

Notice: This template is transcluded in two articles: Voiceless alveolar fricative and Voiceless dental fricative. Edits made to the template will affect both articles.

Voiceless alveolar non-sibilant fricative
θ̠
ɹ̝̊

 

Безвучната венечна нешушкава струјна согласка (безвучен алвеоларен несибилантен фрикатив) е согласка што се јавува во извесни јазици. МФА нема посебни симболи за венечните согласки (се користи еден ист за сите преднојазични места на творба што не се меки). Гласот обично се претставува со <θ̠>, <θ͇> (вовлечено или венечно θ), или пак со <ɹ̝̊> (стиснато безвучно ɹ).

Особености[уреди извор]

  • Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите честоти на шушкава согласка.
  • Местото на творба е венечно, што значи дека се создава при допир на врвот или рамниот дел на јазикот и забниот венец, па затоа може да биде „врвнојазична“ или „рамнојазична“.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици[уреди извор]

Јазик Збор МФА Значење Белешки
англиски Ливерпул[1] attain [əˈθ̠eɪn] 'постигнува' Алофон на /t/
Ирска[2] Italy [ˈɪθ̠ɪli] 'Италија'
исландски þakið [θ̠akið̠] 'покрив'


Наводи[уреди извор]