По стапки од младост (раскази од младежта)
Изглед
По стапки од младост (раскази од младежта) е збирка раскази од македонскиот писател Илија Сланштанец.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Книгата е објавена во Скопје, во 1959 година, а самиот автор бил нејзин издавач. Книгата има 67 страници и била испечатена во тираж од 2 000 примероци. Корицата на книгата е дело на Благоја Поповски, а коректор бил Владо Коруновски.
Содржина
[уреди | уреди извор]Покрај предговорот, напишан од учителот Ристе Наумовски, збирката содржи пет раскази:
- Борба за живот (завршен во септември 1955 година),
- Порака во името на човекот (завршен на 30 ноември 1956 година),
- На туѓа земја како на своја(завршен во декември 1958 година),
- Горица (завршен на 9 септември 1948 година),,
- Доследност од младеж (завршен на 6 април 1959 година).[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Илија Сланштанец, По стапки од младост, Скопје, 1959.