Посесион (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Посесион
Île de la Possession.png
Карта на островот на француски.
Географија
МестоИндиски Океан
Координати46°24′S 51°46′E / 46.400° S; 51.767° E / -46.400; 51.767
АрхипелагКрозеови Острови
Површина150 км2
Должина18 км
Ширина13 км
Највисоко издигнување934 м
Највисока котаПик ду Маскарин
Управување
Демографија
Населениенема постојани жители, само привремени вработени во истражувачка станица


Посесион (француски: Île de la Possession) е остров во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Административно, островот е дел од Француските јужни и антарктички земји. Овој е единствениот остров во архипелагот кој има присуство на луѓе. Островот има вкупна површина од 150 километри квадратни, што го прават островот најголем во архипелагот.

Географија[уреди | уреди извор]

Посесион се наоѓа исто во источниот дел од архипелагот, на околу 20 километри западно од Источниот Остров. Островот има планински терен со длабоки леднички долини. Крајбрежниот дел е покриен со супантарктичка вегетација. На овој остров нема постојано население, но има луѓе кои работаат во истражувачката станица Алфред Фор. Станицата се наоѓа во источниот дел од островот и има капацитет од максимум 20 луѓе.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International. (2012). Important Bird Areas factsheet: Île de la Possession. Downloaded from http://www.birdlife.org on 2012-01-10.

Координати: 46°24′S 51°46′E / 46.400° S; 51.767° E / -46.400; 51.767