Портрет (Видимче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Портрет
Творец Пецо Видимче
Година 1953
Димензии 100 см × 70 см
Место Народен музеј, Битола

Портрет – слика од Пецо Видимче. Сликата е масло на платно, завршена во 1953 година со димензии 100 х 70 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.

Опис[уреди | уреди извор]

Слиакта „Портрет“ спаѓа во доменот на таканареченото – експресионистичко сликарство: Портрет на помлад човек, насликан до половина, облечен во долга блуза со околувратник. Кратко истрижена коса со патец од десната страна на главата. Главата му е исправена, замислен, свртен благо кон десната страна. Стои и во рацете држи отворена книга во висина на стомакот. Во позадината нема ништо. Насликана е со погусти слоеви на боја. Карактеристична е неговата замислена поза, која ги открива неговите мисли, отсутен, мечтателен, помалку и тажен. Сликата не е реалистички сликана, туку слободно – со слободни линии и потези и боја која е специфична и одговара на стилот на овој битолски уметник, којшто создавал во таканаречениот постимпресионистички стил, што значи поголем простор и давал на бојата, без да навлегува во детали и слободно пренесувајќи ги чувствата што се на моделот кој го сликал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]