Портрет на лејди Тереза Ширли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на лејди Тереза Ширли
'
УметникАнтонис ван Дајк Уреди на Википодатоците
Година1622
Медиуммаслени бои, платно
Димензии200, 214.0 cм (78.7, 84.3 ин) × 133.4, 129.0 cм (52.5, 50.8 ин)
МестоположбаPetworth House
ЗбиркаNational Trust, Petworth House Уреди на Википодатоците
Пристапен број486170, 486170 Уреди на Википодатоците
Идентификувачиназнака на делото на Art UK: teresia-khan-157915801668-lady-shirley-219679

Портрет на лејди Ширли — слика од 1622 година на сер Антонис ван Дајк, фламански барокен уметник. Тоа е портрет на Тереза Сампсонија (1589 — 1668), черкеска благородничка од Сафавидската Империја на Иран. Била сопруга на елизабетанскиот англиски авантурист Роберт Ширли, кого го придружувала на неговите патувања и амбасади низ Европа во името на сафавидскиот крал (шах) Абас Велики (околу 1588 — 1629). Бројни скици на парот се појавуваат во италијанските скици на Ван Дајк.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Сликата е целосен портрет на лејди Ширли, која седи во черкески темнозлатен фустан, извезен со сина и црвена боја, со циметна мантија, типична за нејзината татковина. Самата слика е со димензии од околу 200 см во висина и 133,4 см во ширина.[1] Портретот е еден од поставените заедно со Портретот на сер Роберт Ширли нарачан кога парот го запознал Ван Дајк за време на посетата на Рим помеѓу 22 јули и 29 август 1622 година.[2] Овие портрети сега се во сопственост на Петворт Хаус, имот на Националната доверба во Западен Сасекс .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Teresia Khan, Lady Shirley (1579/80-1668) 486170“. National Trust Collections (англиски). Посетено на 21 April 2019.
  2. Blow 2009; Canby 2009; Schwartz 2013.