Прејди на содржината

Портрет на кралицата Кристина Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на кралицата Кристина Данска
Творец Тинторето
Година Околу 1556
Димензии 110 см × 83 см
Место Национален музеј на Србија, Белград

Портрет на Кристина Данска (италијански: Ritratto di Cristina di Danimarca) — слика која му се припишува на италијанскиот ренесансен сликар Тинторето.[1] Претставува масло на платно, насликано во 1555–1556 година. Моментално се наоѓа во Националниот музеј во Белград. На неа се гледа Кристина Данска.[2] Претходно му се припишуваше на Тицијан Вечелио, cликата била дел од колекцијата на Марија Унгарска (1505–1558) уште во 1556 година. Пред Втора светска војна, била дел од колекцијата Бонакоси.

Историја

[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1941 и 1942 година, сликата од колекцијата Контини Бонакоси во Фиренца, заедно со други, ја купил германскиот трговец уметнички дела Валтер Хофер, по налог на Херман Геринг, кој илегално ја однел во Германија.[3] Во 1948 година ја украл од Минхен, и останала во негова сопственост до 1988 година, а потоа била примена во Националниот музеј во Белград.[4] [3]

Помеѓу ноември 2004 и февруари 2005 година делото и било позајмено на Националната пинакотека во Болоња[5] [4], од 3 март до 24 април 2005 година на замокот во Бари.[6]

  1. „Forgotten portraits of the Jagiellons - part V (1552-1572)“. artinpoland.weebly.com. Посетено на 2023-12-18.
  2. „Hans Holbein the Younger | Christina of Denmark, Duchess of Milan | NG2475 | National Gallery, London“. www.nationalgallery.org.uk. Посетено на 2021-03-27.
  3. 3,0 3,1 Walter Musizza, "Si lavora per riportare in Italia un'opera trafugata del Tiziano", in Corriere delle Alpi, 20 marzo 2018 (testo on line)
  4. 4,0 4,1 Roberto Galullo e Angelo Mincuzzi, "La Serbia tiene in ostaggio otto capolavori italiani trafugati da Hitler" in Il Sole 24 ORE, 5 dicembre 2017 (testo on line).
  5. Andrea di Carlo, "Alla ricerca delle tele perdute tra Italia ed ex-Jugoslavia", ArtSpecialDay. L'arte nel tuo quotidiano, 6 dicembre 2016 (testo on line Архивирано на 8 септември 2018 г.).
  6. Titti Tummino, "Tiziano, Canaletto e Carpaccio. Al castello i capolavori riscoperti", in La Repubblica, 1 marzo 2005 (testo on line)

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Cvjeticanin, Tatjana (2006). Klasici Italijanske Umetnosti. Narodni Muzej Beograd. стр. 58.
  • Valcanover, Calgi (1969). Catalogue. Rossi. стр. 301.