Портрет на Фебо да Бреша

Од Википедија — слободната енциклопедија


Портрет на Фебо да Бреша (1543–44) од Лоренцо Лото.

Портрет на Фебо да Бреша ― слика со масло на платно создадена во 1543–44 година од италијанскиот уметник од високата ренесанса, Лоренцо Лото.[1] Таа е идентификувана со нарачката спомната во сметководствените книги на уметникот во април 1543 година од Фебо Бетињоли да Бреша, благородник од Тревизо, за слики на него и неговата сопруга, кои биле испорачани во 1544 година.[2] По смртта на Фебо во 1547 година, двете слики им биле предадени на наследниците на неговата сопруга и останале кај нив додека нејзиното семејство не изумрело во 19 век. Во 1859 година, преку сликарот Франческо Ајец, Пинакотеката Брера во Милано ги добила портретите.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Carlo Pirovano, Lotto, Electa, Milano 2002.ISBN 88-435-7550-3
  2. Roberta D'Adda, Lotto, Skira, Milano 2004.
  3. Brera. Guida alla Pinacoteca, Electa, Milano 2004. ISBN 978-88-370-2835-0