Портал:Спорт/Избрана статија/2010/јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марат Сафин (р. 1980) — поранешен руски тенисер. Сафин, во својата кариер освои 15 АТП турнири и 2 Гренд слем турнир, а исто така во еден момент беше и светски рекет број 1. Тој е постар брат на моментно вторпласираната тенисерка во светот Динара Сафина. Тие се досега единствените брат и сестра, кои успеале да го достигнат првото место на АТП, односно ВТА листата.

Сафин ја започна професионалната кариере во 1997. Во ноември 2000, тој го зазеде првото место на АТП ранг листата, а повторно истото го стори во април 2001, а светски број 1 беше вкупно 9 седмици. Првата Гренд-слем титула ја освои на отвореното првенство на САД во 2000 по победата над Пит Сампрас во финалето, а втората титула ја освои на отвореното првенство на Австралија, победувајќи го Лејотон Хјуит во финалето. Сафин, исто така има освоени и две титули како дел од репрезентацијата на Русија во Дејвис купот, прваат во 2002 и втората во 2006. Прочитајте повеќе