Портал:Република Македонија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонија е независна држава на Балканскиот Полуостров, во срцето на југоисточна Европа. Земјата се граничи со Србија и Косово на север, Албанија на запад, Грција на југ и Бугарија на исток. Во 2005, Република Македонија стана официјален кандидат за членство во Европската Унија. Главниот град на државата е Скопје со над 500,000 жители. Постојат и други значајни градови како Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид, Велес, Штип и Струмица.

Република Македонија често се нарекува „земја на езера и планини“. Во земјата постојат повеќе од 50 природни и вештачки езера и шеснаесет планински венци повисоки од 2000 метри надморска височина.

Македонија е дом над два милиони жители, од кои мнозинството се Македонци со доминантна православна вероисповед. Покрај нив живеат и останати малцинства и религиозни групации. Македонија е лулка на словенската писменост и дом на една од најстарите православни цркви во регионот и пошироко. (Дознајте повеќе...)