Портал:Религија/Избрана статија/2008/септември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Римска религија — збир од неколку различни култови и практикувала неколку вида на обичаи. Римјаните првобитно ја следеле руралната анимистичка традиција, во која многу разни духови биле одговорни за разни сфери на живеењето, како да речеме орање. Раните римјани овие богови ги нарекувале нумени. Друг аспект на ова анимистичко верување било обожувањето на предците, со тоа што секое семејство ги обожувало своите предци со сопствени обреди.

Римската религија била главно заснована на грчката и етрурската митологија. Таа прифатила и стотици други религии, содзавајќи богата и комплексна митологија.

Најпосле, христијанството го заменило постариот пантеон како државна религија на Рим, и римската религија избледела, иако многу аспекти од нејзината хиерархија останале во христијанскиот ритуал и во западните традиции. Прочитајте повеќе