Полски штурец
| Полски штурец | |
|---|---|
| Полски штурец – мажјак | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Потколено: | Шестоноги |
| Класа: | Инсект |
| Ред: | Правокрилци |
| Подред: | Ensifera |
| Семејство: | Gryllidae |
| Род: | Gryllus |
| Вид: | G. Campestris |
| Научен назив | |
| Gryllus campestris (Linnaeus, 1758) | |
Полски штурец (Gryllus campestris) – вид на штурец кој припаѓа на семејството Gryllidae.
Познат и како полски попец[1], полскиот штурец е распостранет во цела Европа, Северна Африка и Западна Азија. Во Македонија е широко распостранет од низините до надморска висина од околу 2000 м. Живее во дупки во земјата. Омниворен – неговата храна е многу разновидна. Имагото несе јајца на пролет, а ларвите се изведуваат во јули-септември и хибернираат; имага – од мај до јули.[2]

Живее во суви песокливи терени. Кога е во опасност се повлекува во своите подземни дупки, длабоки и до 40 cm. Се храни со растителни пупки и со инсекти. Во времето на парењето мажјакот произведува карактеристичен звук – црцорење, што ја привлекува женката за оплодување. Ареалот на распространувањето му е Средна Европа, од каде што доаѓа и кај нас.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Македонска Енциклопедија II (стр. 1663)“ (PDF).
- ↑ „Фауна на Правокрилците на националниот парк Пелистер“.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |