Покривачи (литургија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Покривач во облик на крст за покривање на путирот
Квадратен или правоаголен покривач кој се нарекува аер или воздух – „возношение“
Покривач со правоаголен облик за прекривање на дискосот
Покривање на Чесната трпеза со литургиски покривач кој ги означува небеските сводови
Покривачите и аерите често биле изработувани во комплет со свештеничката или архијерејската одежда и визуелно чинеле складна целина

Покривачи - аери и дарци — литургиски предмети или садови, кои се состојат од два мали покривачи, едниот во облик на крст (за покривање на путирот) и еден наменет за покривање на дискосот со ѕвезда (квадратен облик). Чесните дарови се покриваат и со трета малку поголема квадратна или правоаголна покривка наречена аер или воздух - „возношение“, бидејќи се наоѓа над ѕвездата и го претставува воздушното пространство во кое се појавила ѕвездата што ги водела мудреците кон Христос.

Предание[уреди | уреди извор]

Покривачите имаат двојна улога, прво потсестуваат на пелените во кои бил повиен новородениот Исус Христос, а потоа ја симболизираат плаштаницата во која било завиткано телото Христово по неговата смрт на крстот откако бил помазан со мириси.

Намена[уреди | уреди извор]

Со покривачите се подига воздухот и лебди над светите дарови на литургијата за време на читањето на симболот на верата, така и го добил името, ја означува камената плоча со кој бил затворен гробот на Исус Христос.[1] [2]

Литургиските покривачи ги означуваат и небеските сводови.[3]

Со аер или воздух се покрива и лицето на починатите свештеници при нивниот погреб како знак на посебна благодатна почит.[4]

На големиот вход, кога светите садови ќе се донесат во литија до светата трпеза (олтарот), свештеникот ќе го стави аерот над левото рамо на ѓаконот пред да му го предаде дискосот (самиот свештеник ќе го носи путирот). Поради оваа причина, аерот често ќе има зашиени ленти за да може безбедно да се врзува на своето место. Ако нема ѓаконска служба, свештеникот ќе го стави аерот околу своите рамена како наметка, со што рацете ќе му останат слободни да ги земе и дискосот и путирот.

Непосредно пред пеењето на Никејскиот симбол на верата, свештеникот ќе ги бакне дискосот и путирот (со целивање на аерот на местото каде што го допира секој сад) и предниот раб на Светата трпеза. За време на Никејскиот симбол на верата, свештеникот ќе го држи аерот над даровите и полека ќе го бранува, што укажува на активноста на Светиот Дух.

Кога епископ служи литургија, свештениците кои сослужуваат ќе го држат аерот за време на Никејскиот симбол на верата додека епископот клечи (или ја наведнува главата) под него. По Никејскиот симбол на верата, аерот се превиткува и се става на Светата трпеза. Во некои практики, свештеникот ќе се сврти и ќе ги благослови луѓето со воздухот (аерот) за време на сурсум корда.[5] [6]

По причестувањето, аерот кој сè уште е превиткан, се става на дискосот, заедно со светото копје, лажицата и ѕвездата и малиот превез, ѓаконот се враќа во протесис.

Изработка[уреди | уреди извор]

Поради својата посебна улога, црквата ги изработувала овие текстилни предмети од скапи материјали и ја потврдила нивната исклучителна литургиска употреба со претстави на крстот со кој често се украсувале дарците и аерите.[7]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Еп. Дионисије (Новаковић), Епитом, 81–82
  2. Хаџи Теофило, Познавање цркве или Обредословље, 42.
  3. Свети Симеон Солунски, О Светој литургији, 15.
  4. Венијамин, Нова Таблица, 562–563
  5. Oxford Dictionary of the Christian Church, 3rd edition (ed. F. L. Cross & E. A. Livingstone), p.1561. Oxford University Press, 1997
  6. A New Dictionary of Liturgy and Worship (ed. J. G. Davies), p.16. SCM Press, 1986.
  7. „Свештене одежде, сасудови и богослужбене књиге у православној цркви – II“, 115

Надворешни врски[уреди | уреди извор]