Пожарникар (филм од 1916)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пожарникар (англиски: The Fireman) - американски филм од 1916 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Кога во пожарникарската станица одекнува сирената, само еден пожарникар не се појавува во стројот, туку безгрижно си лежи во креветот. Всушност, тој е најнеспособниот пожарникар, кој постојано прави проблеми, поради што редовно добива ќотек од шефот на станицата. Еднаш, во станицата доаѓа еден богат, угледен граѓанин (во чија ќерка е вљубен командирот на пожарникарите), кој се договара со командирот намерно да предизвика пожар, со цел да извлече пари од осигурувањето.

Во меѓувреме, една куќа навистина е зафатена од пожар, но нејзиниот сопственик попусто ги повикува пожарникарите, кои безгрижно денгубат во станицата. Тогаш кај нив доаѓа човекот кој самиот си го подметнал пожарот, не знаејќи дека во куќата останала неговата ќерка (ја игра Пурвианс). Дури тогаш, противпожарната чета се зафаќа со работа, а малиот, несмасен пожарникар храбро ја спасува девојката. По успешно изведената операција, тој се онесвестува на улицата, но за награда добива страсен бакнеж од девојката.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

YouTube, Charlie Chaplin: The Fireman (1918)

Наводи[уреди | уреди извор]