Поезија (Тадеуш Ружевич, 1965)
„Поезија (избор)“ — книга со избор од поезијата на полскиот поет Тадеуш Ружевич, објавена во 1965 година од издавачката куќа Култура од Скопје во рамките на библиотеката „Современа лирика“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи 32 песни, поговор со наслов „Во името на човекот и за човекот - Неколку забелешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“, како и био-библиографски летопис.[1]
- Од збирката „Неспокој“ (1945 — 1946)
- Преживеав
- Јаболко
- Птичка килибарна
- Оплакување
- Од бележникот
- Од збирката „Црвената нараквица“ (1947 — 1948)
- Туѓинци
- Ѕид
- Враќање
- Скаменето вообразување
- Од збирката „Пет поеми“ (1950)
- Крила и раце
- Клање на децата
- Од збирката „Рамнина“ (1954)
- На заминување на поетот
- Од збирката „Сребрениот клас“ (1955)
- Татко
- Кого го нема
- Зелените ружи на поетот
- Успеало
- Вртелешка
- Блудниот син
- Од збирката „Насмевки“ (1955)
- Глинени птички
- Видоизменувања
- Од збирката „Отворена поема“ (1956)
- Прво сеќавање
- Ѕид
- Одврзани раце
- Глас
- Чекам
- Глупа шега
- Можеби тоа и не беше дом
- Од збирката „Завеси“ (1957)
- Таи знаеш кој сум јас
- Оставете нè
- Во средиштето на животот
- Од збирката „Лице“ (1964)
- Смеа
- Претоварен со задолженија
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Современа лирика“, а преводот, изборот и поговорот ги напишал Ацо Алексиев. Технички уредник бил Христо Христовски, а корекцијата ја направиле Елена Павлова и Ружица Димишковска. Книгата има тврди корици и била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во 2 000 примероци. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.[1]