Прејди на содржината

Плоштад „Јосип Броз Тито“ (Куманово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштад „Јосип Броз Тито“
Плоштадот „Јосип Броз Тито“ навечер
Одржува:Општина Куманово
Место:Куманово, Македонија

Плоштад „Јосип Броз Тито“јавен плоштад во Куманово, Македонија. Плоштадот е посветен на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито. Неговата површина е околу 6,500 м2.

Значајни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Трите релјефи од комплексот „Македонка, споменик на Револуцијата“.

Најголема знаменитост на плоштадот е композицијата од четири дела, Македонка, споменик на Револуцијата, чии делови се сместени во западниот и југозападниот дел на плоштадот. Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ја прави јужната граница, а трговскиот центар СУМА е на исток. На запад и северозапад се наоѓа плоштадот Нова Југославија, а на север се наоѓаат таканаречените „Скопски дуќани“. Исто така во северозападниот агол се наоѓа споменикот на Јосип Броз Тито.

Список на настани

[уреди | уреди извор]
Датум(и) Вид на настан(и) Име на настан(и) Проц. присуство Уметник(и)
16 јули 2006 година Концерт Кумановски град на културата 2006 година[1] ? Калиопи
9 април 2015 година Концерт Источен концерт[2] ? Срма

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. vecer.mk Архивирано на 3 март 2016 г. Концерт на Калиопи во Куманово 15 јули 2006
  2. kumanovonews.com Срма со Велигденски концерт во Куманово 09. 04. 2015