Прејди на содржината

Пијанка (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пијанка“ (српскохрватски: Terevenka) — југословенски тв-филм од 1987 година, во режија на Сњежана Трибусон, снимен по сценариото на Павао Павличиќ. Улогите ги играат: Иво Грегуревиќ, Вера Зима, Звонимир Ференчиќ, Зденка Хершак, Свен Ласта, Хермина Пипиниќ, Фрањо Мајетиќ, Нико Павловиќ, Вида Јерман, Зденко Јелчиќ, Славица Кнежевиќ и Елиза Гернер.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Едно семејство од провинцијата се вселува во мирна загребска зграда и со со своите животни навики ја нарушува идиличната атмосфера која владеела дотогаш. Сите обиди на староседелците да ги научат новите станари на ред пропаѓаат, па затоа смислуваат завера. Меѓутоа, нивната одмазда има сериозни последици...