Пештера Коренатац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пештера Коренатац
Пештера Коренатац
МестоГорња Каменица, Књажевац, Србија
Должина218
Надм. височина330
Пештера Коренатац

Пештерата во клисурата Коренатац е пештера која се наоѓа кај селото Горња Каменица, општина Књажевац, позната е како врела пештера со должина од 218 метри. Се состои од повеќе пештерски канали со различни нивоа и дворани во кои имало значителни одронувања. Пештерата Коренатац е активна, врела пештера чиј влез се наоѓа на излезот од Трговишки Тимок од клисурата по која пештерата и го добила името. Влезот на пештерата се наоѓа под магистралниот пат Књажевац - Кална - Пирот, а може да му се пристапи по спореден, макадамски пат за Кална. Влезот во пештерата Коренатац се наоѓа на 330 метри надморска височина, од десната страна на нивото на Трговишки Тимок, во клисурата Коренатац. Клисурата е долга 5,5 километри, а започнува по ерозивното проширување на Трговишки Тимок во котлината во која се наоѓа населбата Кална. Геолошката градба на околината на пештерата е многу разновидна и сложена. Десната страна на сливот на Трговишки Тимок е изградена од палеозојски шкрилци и пермиски песочник. Низводно од Кална, кон Горња Каменица, се наоѓа тесна зона на баремски масивни и банковити варовници, од десната страна на долината и зоната на аптски варовници, од левата страна.[1]

Истражување[уреди | уреди извор]

Прелиминарните истражувања на пештерата Коренатац укажуваат дека се работи за активна врелска пештера развиена на најмалку три нивоа, кои ги издвојуваме како посебни морфолошки целини. Првата целина, односно првото ниво на пештерските канали, го претставува нивото на карстниот издан, односно нивото на водата кое се појавува во влезниот дел на пештерата. Втората целина е главно претставена со суви поврзувачки канали и дворани во кои има значително одронување на блоковите од таванот и која на неколку места е поврзана со првата, потопената зона. Влезот во пештерата Коренатац е со неправилна трапезоидна форма, широк 7 метри. На влезот во пештерата формирано е помало езеро од кое водата истекува кон коритото на Трговишки Тимок. По преминувањето на езерото зад браната се доаѓа во проширување кое претставува главниот пештерски канал во овој дел од пештерата, со просечна широчина од 3-4 и височина до 4 метри.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. Грчић, Мирко (2019). Књажевачки крај- потенцијали, стање и перспективе развоја. Књажевац: Народна бивблиотека „Његош". ISBN 978-86-87537-99-6.
  2. „Књажевачким крајем“. Народна библиотека "Његош" - Књажевац (српски). Посетено на 19. 12. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]