Петта југословенска армија

Од Википедија — слободната енциклопедија
V југословенска армија
Основана 4 мај 1945
Генералштаб Скопје
Водство
Началник на ГШ Павле Илиќ
Човечка сила
Активен кадар 75.000
Резервен кадар 33.000

Петтата југословенска армија била формирана со наредба на Министерството за одбрана на Југославија од 4 мај 1945 година. Со таа наредба се укинал ГШ на Југословенската армија за Македонија и ингеренциите биле префрлени на ГШ на Петтата армија. Седиште на армијата било Скопје.[1] 203-205

Историјат[уреди | уреди извор]

Командант на армијата бил генерал-мајор Славко Родиќ, а негов заменик бил полковник Алексо Демниевски - Бауман. Политички комесар на Петтата армија бил Војо Ковачевиќ. Како началник на штабот бил назначен генерал-мајор Павле Илиќ, а негови помошници биле Велимир Кнежевиќ и Јефта Јовановиќ.[1]

Петтата југословенска армија била составена од единиците: две пролетерски, 22 српска ударна, 37 санџачка ударна, 24 српска дивизија и 49 македонска дивизија. 41 македонска дивизија била расформирана и борците и старешините биле префрлени во 49 и 50 македонска дивизија. Армијата имала околу 50.000 борци и старешини. Според податоците на Оперативното одделение на ГШ, Петтата армија имала околу 75000 војници до 16 мај 1945, а околу 33000 војници биле ангажирани во заднинските установи. Во составот на оваа армија не била 48 македонска дивизија бидејќи истата се вратила од Сремскиот фронт на 25 јуни 1945. Истата судбна ја има и 42 македонска дивизија. Двете дивизии биле расформирани по завршувањето на Сремскиот фронт.[1]

Армијата била формирана по заврпшувањето на војната и поради тоа нема учество во дејствијата. Нејзината задача била да ја чува јужната македонска и југословенска граница со Грција и да ја обезбедува слободната територија на Македонија, мал дел од Јужна Србија и јужниот дел на Космет. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​

Поврзано[уреди | уреди извор]