Петер Цумтор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петер Цумтор
на меѓународното биенале за архитектура во Венеција во 2018 година.
Роден(а)26 април 1943(1943-04-26)(80 г.)
Базел, Швајцарија
НационалностШвајцарец
НаградиКарлсбергова награда (1998)

Царска награда (2008)
Прицкерова награда (2009)

Кралски златен медал (2013)
ЗданијаТопли бањи - Валс
Дом на уметноста - Брегенц

Петер Цумтор (германски: Peter Zumthor; р. 26 април 1943) — швајцарски архитект. Роден е во Базел. Татко му бил столар и љубовта кон техничките науки ја открива учејќи столарство, од 1958 до 1962 година. Од 1963 до 1967 година студирал на Школата за уметности и занаети, а потоа се запишал на индустриски дизајн и архитектура на институтот Парт во Њујорк. Свое студио отворил во 1979 во Халденштајн, мало швајцарско планинско село, каде сè уште работи.[1]

Како перфекционист во својата работа, Цумтор не проектира многу градби и секој од неговите проекти е исклучителен, суптилен и едноставен, но истовремено и раскошен. Меѓу неговите најпознати проекти се вбројуваат: Топлите бањи во Валс, Музеј на уметностите во Брегенц, Капелата Брат Клаус во Мехемих и Музеј Колумба во Келн. Наречен уште и „повлечениот архитект“, Цумтор во 2009 година го добива најголемото архитектонско признание на светот - Прицкеровата награда за архитектура.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Цумтор, Петер. „Атмосфери“. Икона. Биографија во поговор.

Литература[уреди | уреди извор]