Пеперушка (вратоврска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пеперушка со пруги

Пеперушката или папилотката е вид на вратоврска чиј облик потсетува на пеперуга од каде и го добила името. Се прави од ткаенина во облик на лента која се врзува околу јаката на кошулата на симетричен начин, така што двата спротивни краја образуваат клучки. Ова е традиционален вид на пеперушки кој лицето што ја носи треба сам да ја врзе. Постојат и веќе врзани пеперушки, спремни за носење, кои се веќе сошиени, а лентата која оди околу вратот се закопчува. Овие пеперушки може да немаат лента околу вратот, а прицврстувањето да се врши на самата јака од кошулата.

Инструкции за врзување на пеперушка


Пеперушките може да бидат изработени од кој било материјал, но најчесто се изработуваат од свила, полиестер, памук, или некоја мешавина од материјали.