Прејди на содржината

Пајак-крстач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пајак-крстач
Пајак-крстач во мрежа
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Пајаковидни
Ред: Пајаци
Подред: Аранеоморфи
Семејство: Кругоплети
Род: Кругоплети
Вид: Пајак-крстач
Научен назив
Araneus diadematus
Клерк, 1757

Пајакот-крстач, наречен и европски градинарски пајак или дијадемски пајак (лат. Araneus diadematus) — мошне распространет кругоплет пајак во западна и источна Европа. Живее и во делови од Северна Америка, од Нова Англија и југоисточните американски држави, па сѐ до северозападните држави и јужните предели на Канада.

Бојата им варира од многу светла жолта, па до многу темна сива, но сите се прошарани по грбот со пет или повеќе големи бели точки кои обликуваат крст. Белите точки се разултат на присуството на клетки кои содржат гуанин, кој е нуспродукт на белковински метаболизам.[1]

Третипт пар нозе се специјализирани за потпомагање при плетењето на кружни мрежи. Ги користат и за одење по мрежата без да се заплеткаат. Овие нозе се употребливи само во мрежата; кога пајакот е на земја, овие нозе се пасивни, бидејќи не се прилагодени за одење по цврста површина.

Пајаците-крстачи знаат и да цврчат кога се во опасност.

Овој пајак е прилично крупен, и затоа не е лесно да се испровоцира за да касне - но дури и ако касне, ова е само малку непријатно, и сосема безопасно за луѓето.

Мрежите ги плетат женките, кои се поголеми, и кои во нив седат главечки, како на сликата, и чекаат пленот да се заплетка во мрежата. Потоа тиа набрзина го грабнуваат и го обвиткуваат со свила, па го јадат. Забележано е дека пајаците-крстачи си ја ајдат мрежата заедно со фатениот плен, и сето тоа трае пар минути. Потоа изутрина плетат друга мрежа.

Мажјакот, кој е многу помал, ѝ приоѓа внимателно на женката при парење. Доколку не е внимателен, може да се случи таа да го изеде.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Foelix, R.F. (1992). Biologie der Spinnen. Thieme (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]