Пат во космос (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

„Пат во космос“ (англиски: The Right Stuff) е филмска адаптација од 1983 на истоимената книга на Том Вулф од 1979. „Пат во космос“ ја раскажува приказната за тест пилотите кои биле вклучени во истражување на летање при големи брзини во Воздухопловната база Едвардс, како и за оние кои биле одбрани да бидат астронаути за програмата „Меркур“, првиот обид на Америка да испрати човек во вселената. Приказната ја спротивставува „Меркурската седумка“ и нивните семејства со пилоти како Чак Јегер, кој бил сметан од другите тест пилоти како најдобар од групата, но кој никогаш не бил одбран како астронаут. „Меркурската седморка“ биле Скот Карпентер , Гордон „Гордо“ Купер, Џон Глен, Гус Грисом, Вали Шира, Алан Шепард и Дике Слејтон.

Синопсис[уреди]

Филмот започнува со сцена во Воздухопловната база Едвардс во 1947 година. Оваа правлива и сува воена воздухопловна база е местото каде тајновито се тестираат брзи воздухоплови вклучувајќи го X-1 леталото на ракетен погон подготвено да лета побрзо од звукот. Откако неколку тест пилоти загинуваат во обидот да го пробијат „звучниот ѕид“, шансата да лета со X-1 му е понудена на Чак Јегер, воен херој и офицер за врски. При јавање на коњ, заедно со неговата жена Гленис , Јегер паѓа и крши неколку ребра. Не сакајќи да ја признае повредата,и со помош на дршка од метла, тој успева да го пробие „звучниот ѕид“ летајќи го X-1, победувајќи го „демонот во небото“.