Патики
Патики (плуралија тантум) се вид на обувки кои најчесто се користат при спортски активности. Меѓутоа во поскоро време станаа и моден тренд пак честопати се носат, не само при спортски активности.
Видови на патики
[уреди | уреди извор]Со оглед на тоа дека патиките во основа се користат за спортски активности, најпознатата поделба е на:
- фудбалски патики или копачки. Овие патики најчесто сеплитки со специјално дизајнирана градба. Доколку фудбалот се игра на трева, тие често имаат крампони кои онемозвожуваат пролизгување.
- кошаркарски патики. Овие патики имаат нешто поголема длабочина за додполнително да го зајакнат глуждот кој е изложен на големи притисоци при скокањето.[1] Честопати се изработуваат од поцврсти материјали како што е кожата или вештачките влакна.
- патики за трчање или спринтерки. Ова се најчесто плитки патики и се одликуваат со еластичност и леснина. Поради тоа се прават од полесни материјали кои истовремено овозможуваат и одреден проток на ваздух.[2]
- патики за тенис. Овие патики се плитки патики, а по останатите одлики се слични со кошаркарските, поради големите притисоци кои ги трпи стапалото додека се игра тенисот.
- патики за сала спортови. Овие патики се најчесто плитки патики со специјално дизајнирани ѓонови кои спречуваат пролизгување. Се користат во спортови кои се играат во сала како што е ракометот и одбојката.
Популарни брендови
[уреди | уреди извор]Постојат голем број на производители на патики и тие најчесто се подудараат со производителите на комплетната спортска опрема. Најпознатите се: Најк, Адидас, Конверс, Пума, Асикс и Рибок.
Останато
[уреди | уреди извор]Поради популарноста како на спортот така и на спортистите патиките станале и моден тренд. Така често може и да се чуе и терминот патики за шетање, излегување и слично. Покрај спортот, тие станале обележје на севкупните движења и култури. Така да кажеме заштититниот знак на рокот од 70-ите станале патиките Конверс. Денеска бројни рапери потпишуваат милионски договори за да станат заштитно лице на Најк и Адидас.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „KoÅ¡arkaÅ¡ke patike smanjuju silu udarca i opterećenje na meka tkiva prilikom doskoka - Trening - BesplatanSport.com“. Архивирано од изворникот на 23 август 2013. Посетено на 1 септември 2013.
- ↑ Patike