Партија шах со живи фигури
„Партија шах со живи фигури“ (српски: Партија шах са живим фигурама) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во 1922 година, Петар Којиќ пловел со пароброд од Виена кон Панчево, носејќи со себе црвени и бели австриски униформи од 18 век. Штом пристигнал во градот, веднаш ги започнал подготовките за партијата шах во која треба да учествуваат живи луѓе како шаховски фигури. За таа цел, тој ги посетил повеќе луѓе во градот и ги убедил да учествуваат во партијата. На денот на одигрувањето на партијата, Којиќ забележал дека еден пешак недостасува, така што бил принуден тој да ја игра таа улога. Во партијата победиле црвените фигури, кои потоа останале да слават во гостилницата, а победените веднаш го напуштиле местото, незадоволни од поразот. Истата ноќ, Којиќ исчезнал и никој повеќе не го видел. Подоцна, во 1941 година, кога Панчево било под германска окупација, нацистичката тајна полиција, Гестапо, се заинтересирала за извештајот во кој била опишана необичната партија шах. Ружичка, еден од учесниците во тогашната партија, вршел истрага и постојано ја посетувал старицата Магда Михаиловиќ, поранешна сопруга на д-р Михаиловиќ, кој исто така учествувал во партијата шах. Во разговорите со неа, Ружичка упорно ја убедувал дека сите потези од партијата шах подоцна се случиле и во реалниот живот, односно луѓето кои учествувале во партијата биле вмешани во смртта на другите учесници во играта. Најпосле, Ружичка ја обвинил старицата дека, всушност, таа е поранешниот Петар Којиќ и ја тера да се облечи во фустанот што го носела црвената кралица во партијата шах. Притоа, тој не знаел дека, во меѓувреме, надвор го чекал со пиштол во раката токму човекот кој го истерал од шаховската игра во 1922 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 135-160.