Народноослободителен партизански одред „Дримкол“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Партизански одред „Дримкол“
Активнаавгуст 1943 - октомври 1944
БиткиНОБ

Народноослободителен партизански одред „Дримкол“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија. Некаде се споменува и како партизански баталјон „Дримкол“, во октомври 1943 година.

Дејност[уреди | уреди извор]

Одредот е формиран во текот на втората половина на август 1943 година во месноста Свети Спас кај Вевчани, од 20 албански борци. Главно дејствува преку пропаганда меѓу албанското население, и со напади на транспортната линија Струга-Дебар. Еден дел од одредот се спојува со Првата македонско-косовска ударна бригада во текот на октомври 1944 година, во кичевското село Дворци[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1019.