Папили на главата од пенисот
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Папили на главата од пенисот | |
---|---|
Папили на главата на пенис. | |
Специјалност | Урологија |
Папили на главата на пенисот — мали испапчувања кои може да се појават на круната на главата на пенисот. Тие се безопасни анатомски варијации. Иако погрешно се мешаат со ХПВ, папилите не се сексуални пренослива зараза и не се инфективни.
Папилите се појавуваат во една или неколку редици во вид на мали бледоцрвенкасти мазни израстоци. Големината може да биде различна, од помалку од 1 мм до 3 мм.[1] Според податоците од 1999, се проценува дека тие се присутни од 8 до 48% од машкото население во светот.[2] Исто така, според истражувањата, се покажало дека тие почесто се појавуваат кај помладите мажи и кај тие кои не се обрежани.[3]
За папилите понекогаш се смета дека се остатоци од пенисните боцки, чувствителни делови на пенисот кај останатите цицачи. Животните кои имаат пенисни боцки имаат подобро сексуално задоволство и побрз оргазам.[4]
Медицинско отстранување
[уреди | уреди извор]Папилите не се опасни за здравјето на мажот, но сепак некои мажи или нивните партнери може да ги сметаат за неестетски.[5] Има неколку начини за нивно отстранување. Како и секој медицински потфат има опасност за компликации, па советот на лекарите е да не се отстрануваат истите.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Oxford handbook of genitourinary medicine, HIV, and AIDS, Volume 13 by Richard Pattman, Michael Snow, Pauline Handy, Babiker Elawad
- ↑ Brown, Clarence William (February 13, 2014). „Pearly Penile Papules: Epidemiology“. Medscape. Посетено на 2014-03-08.
- ↑ Hogewoning JA, Bleeker MC, den Brule AJ; и др. (2003). „Pearly penile papules: Still no reason for uneasiness“. J Am Acad Dermatol. 49: 50–4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Paleoanthropology, Genetics, and Evolution
- ↑ http://www.nomorepapules.com/WhatisPPP.html[мртва врска]
- Sonnex C, Dockerty WG (November 1999). „Pearly penile papules: a common cause of concern“. Int J STD AIDS. 10 (11): 726–7. doi:10.1258/0956462991913402. PMID 10563558.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Папили на главата од пенисот“ на Ризницата ? |
- DermAtlas—информации и слики
- Видео за папилите
Оваа статија поврзана со сексуалноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |