Прејди на содржината

Панко Стамболиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Панко Стамболиев

Панко Крстов Стамболиев ( 1910 во Чучер, Скопско1945 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлеrува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел на својата земја.[1] По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада активно ја помагал. Собирал храна и друг потребен материјал за партизаните. Како активист, по една тешка борба на бригадата против балистите, бил фатен и ѕверски претепан. Од тешките последици по мачењето, починал во почетокот на 1945 година.[1][2]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 247–248. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 96. ISBN 9989-35-022-1.