Павле Наранџоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Наранџоски
Роден 1915 година
Крушево, Македонија под окупација на Србија
Починал јануари, 1945 година
Кичево, Македонија
Болест
Националност Македонец

Павле Фокијанов Наранџоски ( 1915 во Крушево1945 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Павле е роден во Крушево, но живеел и работел во Кичево. По завршувањето на малата матура, работел како поштенски работник. Како симпатизер на народно ослободителното движење, активно се вклучил во редовите на НОВ во септември 1944 година во Петнаесеттата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево. По кусо време тешко се разболел ѝ во јануари 1945 година починал во Кичево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 89.